Најкратката поучна приказна за пријателството

На препелицата ѝ се случила страшна несреќа - ѝ се запалило гнездото.
Долетал гавранот и видел што се случило.
„Така ти е кога не внимаваш“, рекол и во огнот фрлил една сува тревка.
Потоа од некаде долетала и ластовицата. Видела што се случува и во клунот донела капка вода и ја испуштила во огнот.

Од сувата трева, што ја фрлил во огнот гавранот, пожарот не станал поголем. Ниту пак од капката вода што ја донела ластовицата пожарот не станал помал.
Но, затоа препелицата дознала кој ѝ е непријател, а кој пријател.
Би можело да ве интересира:
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли...
Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о...
„На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...
