„Не сакам да се омажам никогаш“: Неколку жени откриле зошто носат лажен веренички прстен
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Project Manager 24-01-2020
Чувар 24-01-2020


„Не сакам да се омажам никогаш“: Неколку жени откриле зошто носат лажен веренички прстен

Накит користиме речиси секој ден, кога сакаме да ја истакнеме и својата и неговата убавина или во некоја посебна пригода.

ne-sakam-da-se-omazham-nikogash-nekolku-zheni-otkrile-zoshto-nosat-lazhen-verenichki-prsten-01.jpg

Сосема е нормално некој да има омилено парче накит, без разлика дали се тоа филигрански обетки или бисерен ѓердан.

Но, нештата стануваат чудни кога немажени жени намерно носат бурми или веренички прстени кога излегуваат.

Иако сме навикнати дека многу почесто ваквиот прстен се вади и се носи во џеб, неколку жени за магазинот „Brides“ откриле зошто всушност носат лажни веренички прстени.

Ги држи другите настрана од мене

„Имам бурма која ја купив од евтина продавница и ја носам секогаш кога сум излезена со пријателките и не сакам да бидам вознемирувана од напорни додворувачи. Најинтересно е што ги имам и покрај прстенот на рака.“

ne-sakam-da-se-omazham-nikogash-nekolku-zheni-otkrile-zoshto-nosat-lazhen-verenichki-prsten-02.jpg

Го користам како репелент за мажи

„Сакам да флертувам, но многу почесто сакам да поминувам време со пријателите. Кога сакам да се одбранам, го носам прстенот. Не постои друга причина, едноставно сакам да ги држам понастрана додворувачите. Засега функционира.“

Не сакам да се омажам, никогаш!

„Мојот интерес за брак е еднаков на нула. Поради ова, многумина се обидуваат да ми солат памет и да ми кажуваат зошто треба да се омажам. Кога се преселив во друг град, купив лажен прстен и постојано го носам. Така се поштедувам и од глупави прашања и од додворувања.“

ne-sakam-da-se-omazham-nikogash-nekolku-zheni-otkrile-zoshto-nosat-lazhen-verenichki-prsten-03.jpg

Прстенот ми донесе унапредување

„Бев единствена сингл жена од неколкуте жени во мојата фирма. Поголемиот дел од вработените беа мажи. Добив впечаток дека жените со семејства и сопрузи добиваа повеќе почит, поради некоја причина. Купив лажен прстен и не знам дали има врска или не, но откако го носам, добив значајно унапредување и покачување на платата.“

Лажниот прстен прави луѓето да ме помнат

„Излегувам на многу состаноци и секако, добивам чудни погледи и прашања зошто носам веренички прстен. Потоа им објаснувам дека е лажен. Не знам која е мојата корист од тоа, но дефинитивно ме памтат и со години.“

ne-sakam-da-se-omazham-nikogash-nekolku-zheni-otkrile-zoshto-nosat-lazhen-verenichki-prsten-04.jpg

Раскинавме со свршеникот, но прстенот остана

„Мојот прстен, технички е реален. Купен е по цена од 5.000 долари, од мојот свршеник, со кого ја откажавме венчавката. Но, јас продолжив да го носам, за да избегнам непријатни прашања. Немам намера за помирување и сигурна сум дека еден ден ќе го извадам прстенот.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што сакам да ги прашам луѓето што стануваат уште пред да слета авионот А, авионот уште нема ни застанато. Не, не, не – уште свети и знакот за задолжите...
Ако денес е последниот ден од мојот живот… Ако денес е последниот ден од мојот живот, сигурно нема да го поминам во кавги и...
Не прави планови за подолго од 2 часа, имај свои луѓе и чувај ги и запамти - ништо не мораш! Не прави планови за подолго од два часа. Правењето планови ми зема речиси 3 годи...