Поучна приказна: За вашето дете вие сте целиот свет

pouchna-prikazna-vazhni-se-decata-a-ne-karierata-01.jpg

Еден ден еден многу богат човек се качил на поткровјето во својата куќа во потрага по наградата што ја добил како бизнисмен на годината. Копајќи по кутиите, нашол мала тетратка од својот сега веќе возрасен син. Тоа бил неговиот дневник.

„Не се сеќавам дека некогаш сум го видел“, си помислил бизнисменот. Листајќи го дневникот на неговото лице се појавила насмевка и очите му заискриле.

Испишаните страници на миг го вратиле во минатото, кога во куќата одекнувала од детската смеа на тогаш 8-годишното момче. На некои настани комплетно заборавил.

Читајќи го дневникот станувал сè посериозен. Сфатил дека во детството на неговиот син имало и тажни мигови на кои тој воопшто не се сеќавал.

„Но, како е возможно тоа“, се запрашал тој. „Па, јас не гледав така на работите.“

Тогаш се сетил дека и тој водел дневник, всушност деловен, па отишол по него и го пронашол во домашната библиотека.

Од една полица извлекол книга со кожени страници извезена со златни иницијали и ја ставил на масата до дневникот на својот син, кој бил тетратка на чија корица само со молив едноставно било напишано неговото име.

Го отворил својот дневник на една страница и таму пишувало:

„Го потрошив целиот ден. Бев со синот на риболов и не уловив ништо!“

Потоа во дневникот на синот го пронашол истиот датум и ги прочитал зборовите на синот за тој ден:

 „Бев со тато на риболов. Најубавиот ден во мојот живот!“

И тогаш бизнисменот сфатил дека за целиот свет можете да бидете една личност, но за една личност можете да бидете целиот свет.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Моќна исповед: „По 40 години во училница, ученик ми рече дека ние не сме важни“ „Моите вечери некогаш мирисаа на хартија во боја, светки и лепак. Денес мирисаат...
Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...

Најчитани неделава