Поучна приказна: Каде исчезна среќата?

pouchna-prikazna-kade-ischezna-srekjata-01.jpg

На игралиштето се слушала смеа. Едно младо момче кое поминувало оттука го запрашало својот учител:

„Кажи ми, те молам, како тоа овие деца се среќни, а возрасните не успеваат во тоа?“

Учителот погледнал кон заиграните деца и потврдил дека тие навистина се среќни.

„Си играат, затоа се среќни. Но, што е со среќата на возрасните?“, прокоментирало момчето.

Учителот му одговорил.

„Исто како и со среќата на децата“.

Додека говорел од џебот извадил ситни пари и ги фрлил помеѓу децата. Наеднаш исчезнале насмевките од нивните лица и тие почнале да се грабаат по фрлените парички и да се караат. Наместо смеа, сега се слушало врескање.

„Па, што им ја уништи среќата?“, прашал учителот.

„Кавгата“, одговорило момчето.

„Но, што ги доведе до кавгата?“, прашал учителот.

„Алчноста“, одговорило момчето.

„Ете го доби одговорот на своето прашање - затоа возрасните не се среќни“, му кажал учителот на момчето и се оддалечил од игралиштето.

Извор

Би можело да ве интересира:

Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg