Само во Македонија „производот под гаранција“ значи дека нема да добиете нов, ниту извинување за непријатноста
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Готвач 18-04-2019


Само во Македонија „производот под гаранција“ значи дека нема да добиете нов, ниту извинување за непријатноста

Да разјасниме како функционира пазарењето во нормалните држави во светот. Купуваш производ, си го носиш дома. По одредено време тој се расипува, а има гаранција. Одиш да го вратиш, а таму те дочекуваат со извинување за непријатноста.

Samo-vo-Makedonija-proizvodot-pod-garancija-znaci-deka-nema-da-dobiete-nov-01.png

Веднаш ти го заменуваат со нов и додаваат нова гаранција која започнува да тече од моментот на добивањето на производот.

После петте извинувања за губењето на вашето време, задолжително добивате некој бонус или привилегија во компанијата, картичка со попуст за следниот купен производ или дополнителни поени кои може да ви донесат нешто друго. Ова се работи со една цел – да не се изгуби купувачот, бидејќи тој е најбитен. Бидејќи постојат закони кои го штитат купувачот.

Доколку, пак, го нема производот во резерва, во меѓувреме ви нудат друг на користење, додека ви стигне бараниот производ. Компанијата се грижи за купувачите. Затоа и е успешна.

Само во Македонија овој принцип уште не може да го сфатат нашите трговци. Така им одговара. Закон постои, но никој не се потресува премногу околу него. Заштитата на потрошувачите е мисловна именка.

Додека се објасниш дека имаш гаранција и бараш соодветна замена за производот, ќе ти обели косата.

Како да им буричкаш во џигерот, ете баш така. Најлошото е кога не сакаат да ти ги вратат парите. Го враќаш производот во сосема разумен рок, евидентно неносен или неупотребуван и сосема исправен, со гаранцијата и фискалната сметка. Е – не може да ти се вратат парите.

Може само замена на производот, а кај повеќето не може ни тоа. Кој ве научи бре така?

Во странство, во моментот кога ќе решиш дека не ти се допаѓа производот, го враќаш уредно со сметката и парите ти се враќаат веднаш. Не мора да биде неисправен. Едноставно е – не ти се допаѓа, не ти одговара, не си задоволен. Не ги исполнил твоите очекувања и легитимно си ги бараш парите назад.

Можно е единствено од куртоазија да те прашаат – дали имате некако проблем со производот? А понекогаш ни тоа, едноставно веднаш ви ги враќаат парите.

Кај нас, на расипан и несоодветен производ, нема да истераш правдина. Ќе се молиш, ќе преколнуваш за замена. Ќе го извадат најлошото од тебе и ќе те понижат. За свои пари ќе изгледаш како мајмун пред другите и ќе се срамиш.

Како ти да си виновникот. Цела една серија која има фабричка маана е секако – твоја грешка. Кој те натера да го купиш баш тој производ? Е сега ќе патиш! Додека да успееш да го замениш ќе му истече гаранцијата, а тебе ќе ти се истенчат нервите.

Нула грижа за купувачите. Но, кога веќе големите компании и малите трговци не се грижат за нас како купувачи, можеме барем да го прочитаме законот за наша заштита.

Таму убаво си пишува во кои случаи се враќа производот, колку изнесува рокот на сервисирање и кои се нашите права како потрошувачи.

А вие големи компании, покажете интегритет, бидете отворени за соработка и подготвени за извинување во вакви ситуации. Затоа што да не постоиме ние будалите кои ви купуваат, нема да ве има ниту вас.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прави сè за другарите, само прашај си кога планираат да те зафркнат Многу често насекаде можам да слушнам една реченица која ужасно ме иритира, биде...
Каде бевте мои најдобри другари кога почина татко ми и немавме пари за... Најголемата животна лекција која сум ја научил досега? Оние коишто се прилепени ...
Немој да се предаваш, нема бегање од оваа кожа - Тука сме каде што сме... Отворам новчаник, таму ѕиркаат последните денари кои останаа за да се истурка ме...