„Не му е убава девојката“ – па нема ти да спиеш до неа, нели?

После низа несреќни љубовни врски и разочарувачки искуства, еден од најдобрите другари од друштвото конечно си најде девојка. И тоа не каква било девојка.

Ne-mu-e-ubava-devojkata-01.jpg

Девојка која е добра, мила и великодушна. Девојка која е приземјена и скромна, а истовремено знае што сака и се бори да ги оствари сопствените цели. Девојка која е своја. Но, најбитно од сè – си најде девојка којашто го сака.

Тој е конечно насмеан. После многу време, тој е вистински среќен и задоволен од животот. Таа го прави подобар човек, прво за себе, после за сите останати.

Но, нам, луѓето од страна, тоа не ни е доволно. Како да станува збор за наша врска, ние сакаме спектакл. Вечни оценувачи, вечни критичари. И овој пат, оваа грозна навика не изостана.

„А бе, што знам… добро е девојчето, ама не е убава“.

Како може првиот коментар да биде тоа? Не е убава. Ги занемаруваме апсолутно сите други квалитети кај луѓето и на прво место ја истакнуваме надворешната убавина, ја качуваме на пиедестал, ја славиме, фрламе конфети во нејзиниот правец и аплаудираме додека не ни помодрат дланките.

Убавино, ти ќе бидеш нашиот крај. Толку сме опседнати со тебе, што би простиле и неверство и убиство, само доколку некој е убав. Толку станавме плитки и опседнати со надворешната убавина, просто да му се згади на човек.

А што е убавината? Тотално субјективна работа. Тој што мене ми е најубав, тебе може да ти биде најгрд и обратно. Баба ми велеше – земи ги моиве очи и погледај со нив. Ќе видиш нешто сосема друго.

Не е важно што девојката не е типична „спонзоруша“ опседната со пари и брендови. Не е важно што даде сè од себе да остави убав впечаток и да му се допадне на нашето друштво. Не е важно што е внимателнa, што е мила, што го прави среќен нашиот другар.

Не, ние пресудивме дека не е убава. Браво за сите нас.

„Па нема ти да спиеш до неа, нели?“, прашав откако другарот го даде безобразниот коментар.

„Уф, недај Боже“, додаде и се засмеа просто злобно, со доза ароганција и надменост во гласот.

Истиот тој, кој постојано води празноглави кукли покрај себе и се врти постојано да види дали некој гледа во неговиот правец и му завидува каква бомба шета покрај себе.

И истиот тој, кој постојано се жали дека нема добри жени, сите трчаат по едно или по друго, никој повеќе не сака љубов, не цени искреност, не бара чувства.

Заслепени сме од идеалот за убавина кој последниве години се претвори во нешто генеричко, како излеан од калап.

Мора да сме супер згодни, мора да се убиваме од вежбање 5 пати во неделата, мора да имаме прекрасна и негувана кожа, беспрекорна шминка, да сме облечени како симнати од модната писта, да гладуваме во име на убавината, да ни крвават петиците затоа што очигледно е дека сме подопадливи качени на високи штикли, отколку во ниски патики.

Зошто? Освен ако вистински не сакате да го правите тоа, зошто би го правеле? За некој да не рече на крајот – дека не сте убави.

Сите се убави. Убави на свој начин. Убавината, како што рековме, е субјективна, но повеќе од сè останато–таа е минлива.

Па немојте грчевито да се држите за нешто што е менливо и минливо. И немојте толку брзо да ги оценувате другите луѓе. И вие за некого можеби – не сте убави луѓе.

Но, внатрешната неубавина е далеку позастрашувачка од надворешната. Најгрозно е кога не ви е убава душата која ја носите во себе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg