Во град одиме да си ги покажеме парите - да се забавуваме не знаеме!

Најважно е какво вино пиеме, а тоа што ниту се смееме, ниту танцуваме, ниту сме природни, ниту имаме поим што е тоа забава - тоа е неважно!

vo-grad-odime-da-si-gi-pokazheme-parite-da-se-zabavuvame-ne-znaeme-01povekje.jpg

Скапи вина, резервации во елитни локали, па пури, па што уште не. И супер е ова излегување само му недостига едно нешто - да биде забавно.

Излегувањата се претворија во трка да се пофалиме кој бил на подобра дестинација за скијање и кој си купил поскап автомобил. Здодевно до болка со кокетни насмевки се преправаме дека многу незаборавно си поминуваме.

Залудна е дебелата сметка на крај кога целта беше да бидеме видени, да се пофалиме, да покажеме што можеме да си дозволиме, а не да уживаме.

Луѓе од по 60 години подобро знаат да се забавуваат од нас. И ќе се смеат до солзи и ќе станат ќе заиграат и се 100% природни. Ова глумењето лудило во градов ги премина сите мерки.

Веќе не се игра, насмевки се делат само кога се прави селфи, најважно е какво шише стои на масата и кој е на соседното сепаре. Ако има некоја видна позната личност? Ах, сме успеале во животот!

Трагична младина без смисла за забава. Нема спомени од вакви ноќи. Залудно потрошени пари. Залудно потрошено време.

Спомени има од ноќите кога иако сме немале пари, сме седеле цела вечер со една пијачка во град, но сме играле до истоштување, нозете нè болеле од чевлите, сме запознале милион луѓе, сме имале вистински пријателства, нè разденувало додека стигнеме дома.

И не е до годините да не се лажеме, до нас е. Сосема се искрививме како личности. На пиедестал е материјалното, површното, фалбаџиското, а всушност свесни сме колку сме празни и животот ни е здодевен.

Правиме работи по список затоа што мораме, а не затоа што сакаме. Најважно е што ќе кажат другите и да се пофалиме кои сме и што сме, а не да уживаме во својата кожа да се смееме до солзи, да бидеме природни и да танцуваме како никој да нè не гледа.

Лажни пердуви, безвредни титули, лажна љубов, здодевни ноќи, а живот само еден за живеење.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Ние младите многу скроламе по телефоните, малку живееме, дури ни љубов не водиме“ „Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. Многу мои врсни...
10 грешки во македонскиот јазик што ги правиме често, а поради кои изгледаме неписмени Не се вели базент, туку базен, и не одиме во ресторант, туку во ресторан. Ова се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg