„Не е нормален, кај ќе најде тој невино девојче на 14 години?“

Оваа изјава беше утеха за другарка ѝ која претходно ѝ се пожали дека момчето ѝ раскинало затоа што не била невина. Да, во скопски автобус е муабетов!

ne-e-normalen-kaj-kje-najde-toj-nevino-devojche-na-14-godini-01.jpg

Знам дека е некултурно да се слушаат туѓи муабети, но едноставно во автобусот две девојчиња стоеја преблиску до мене, говореа прегласно и едната од двете тинејџерки ја имаше фамозната изјава.

„Не е нормален, кај ќе најде тој невино девојче на 14 години?“

Ова беше утеха за другарка ѝ која претходно ѝ се пожали дека момчето ѝ раскинало затоа што не била невина.

Не сум мајка, немам деца, не знам како функционира тоа, но знам дека сакав да се свртам и да им влепам по една шлаканица.

Муабетов ми направи дупка во мозокот. Како вака? Жални деца без детство.

Да, деца сте! Имате 14 години. Во ред е дека почнувате со љубовни маки и дечковци на ум, но да спиете со нив? Да имате секс кога телото уште не ви е доразвиено, а за психата не станува збор? Да се трауматизирате уште од сега со потег за кој одговорно тврдам дека не сте подготвени?

Не, не, не!

Вие треба да сте безгрижни, да мислите на пролет, пеперутки, пикници, шарени тетратки, петки на училиште, најдобри другарки, да ги гушкате родителите силно и да се смеете од срце како светот да е ваш.

Не треба да мислите дали да имате секс со некого или не, дали тој ќе ве остави откако ќе легне со вас и притоа ќе ве раскаже на сите, дали ќе се заштитите правилно со нив или ќе добиете некоја полово пренослива болест, не треба да плачете во ноќите затоа што трагедија ви е дека тоа 15-годишно момче спиело со вас, но не ви ветило љубов до крајот на животот или пак откако завршило со вас отишло со Марија од 8-мо А одделение.

Го имате цел живот пред себе за да удирате глава во ѕид од неуспешни врски и проценување на нечии искрени, односно неискрени намери, кон вас. Има време за секс.

Задржете си ја невиноста на телото и невиноста на духот сè додека не бидете навистина зрели за тоа. Не брзајте никаде, животот е пред вас.

Живејте во мигот - бидете дете, тинејџер, безгрижен млад човек. Играјте си, забавувајте се... На 25-30 години ќе имате секс, ќе седите во диско до рано наутро, ќе имате тон шминка на себе, нормално ако го сакате тоа, а сега на 12, 13 или 14 години играјте народна, одбојка, брканица, криенка или грицкајте семки на клупа и јадете сладолед со другарките.

Не, не сакам да поверувам дека на 14 години денес тешко се наоѓа невино девојче. Се надевам дека овие две девојчиња што стоеја до мене во автобус се редок случај, а не реалност и практика.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Плажите на Вардар, езерото Треска и базенот под Кале - Носталгија за скопските лета Скопје и лето, тоа е таа пеколна комбинација, од која секоја сака да избега што ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg