Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Последните зборови на таткото кој го донира своето срце за синот да преживее“ - евергрин видео со моќна порака

Видеото кое уште пред неколку години се прошири вирално и собра милионски прегледи за само неколку дена, ќе ве наежи на секое пуштање, одново и одново.

poslednite-zborovi-na-tatkoto-za-sinot-koj-umira-evergrin-video-so-mokjna-poraka-001.jpg

Приказната која видеото ја раскажува е следната: Татко испраќа порака до неговиот син, со солзи во очите, збогувајќи се засекогаш, бидејќи ќе го донира сопственото срце за да си го спаси синот, кој боледува од смртоносна болест.

Видеото оригинално беше објавено во 2016-та, но она што многумина го изоставија од приказната е дека видеото е всушност монолог, адаптација од сцена од филмот John Q, а е снимено од актерот Луис Сандерсон, за аудиција на која сакал да ги покаже своите драматични способности.

„Причината зошто го снимив ова видео беше за да го покажам мојот талент, моите вештини и способноста како драматичен актер, за да работам во филмската индустрија.

Причината пак зошто ова видео стана вирално низ целиот свет е бидејќи многу луѓе веруваа дека видеото е вистинско. Никогаш немав во план така да ме разберат и затоа од самиот старт нагласував дека видеото е извадок од филмска сцена,“ вели актерот.

Сепак, видеото е моќно, емотивно и без сомневање ќе ве наежи.

Евергрин на кој вреди да се потсетите:

Здраво сине,

Ти најдов ново срце...

Само сакав да ти кажам неколку работи...

Сакам секогаш да ја слушаш твојата мајка, бидејќи таа ти е најдобра пријателка и бидејќи семејството е најважно.

И девојките... Премлад си за нив сега, но кога ќе дојде време, однесувај се со нив како со принцези.

И ако си кажал нешто, ако си ветил дека ќе направиш нешто, направи го, бидејќи твојот збор мора да вреди.

Доколку имаш можност да направиш пари, направи го тоа, дури и ако треба поднаведни ја главата.

Не биди глупав како татко ти. Сè е полесно со пари.

Не пуши цигари. Не консумирај наркотични средства. Обиди се да бидеш љубезен и искрен.

Но, ако некој се обиде да те повреди, биди маж и заштити се.

Обиди се да не се откажеш во тешките денови. Во животот има толку многу убави нешта.

Јас секогаш ќе бидам тука за тебе.

Ќе се видиме подоцна сине.

Те сакам!

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Луди работи кои ги правевме во времето на „Млади бунтовници“ (денешните деца нема да ги разберат) Праќавме СМС пораки за кратка содржина за новата епизода, собиравме постери и сл...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Катарина Ивановска за CRNOBELO лексикон: „Во слободно време месам“ „Се скривме со другарка ми Ана зад кревет кога имавме 5 години. Нашите нè бараа ...
Поучната приказна за Војдан и неговите родители е моќна порака за сите Родителите на Војдан секоја година за време на летниот распуст го носеле кај баб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg