И кога ќе помислиш дека боли до умирачка, сфаќаш дека престанало и можеш уште повеќе

i-koga-kje-pomislish-deka-boli-do-umirachka-sfakjash-deka-prestanalo-i-mozhesh-ushte-povekje-01.jpg

И понекогаш ќе имаш напади на бес и ќе се прашуваш зошто сѐ што можеше да биде комплицирано кај тебе испадна и повеќе од тоа.

Потоа ќе веруваш во она што пред тоа ти звучеше како клише дека добиваш толку колку што можеш да поднесеш, а можеш многу, па затоа ете ти си таа „одбраната“. Други би се предале и на половина пат од тоа каде си ти и би се удавиле во сопствените солзи, немајќи сила да станат од креветот.

Но, ти имаш средби со солзите – онакви брзи, ефикасни, во кратки црти си раскажувате сѐ што имате да си кажете и потоа продолжуваш.

Повторно ја креваш главата, се исправаш и си велиш јас го можам ова.

Потоа повторно доаѓа нов удар. Бесна си. Колку пати ќе ти биде тестирана истрајноста?

Но, се најде во оваа ситуација и сега мораш да се справуваш со истата.

Си велиш ајде и ова ќе помине. На кратко земаш длабок здив, но на крајот од умот знаеш дека ќе дојде ново нешто, полошо од претходното.

И иако гледаш да не се оптоваруваш со тоа, туку само да се справуваш во мигот штом ќе настапи, сепак ти прави тежина на душата.

Јака си ти душо моја, но не си челик. И ќе имаш ноќи кога солзите сами ќе ти течат, а ти ќе ги држиш нозете свиени горе и ќе се обидуваш да издржиш ситуацијата додека си на ургентен.

И кога ќе помислиш дека боли до умирачка, сфаќаш дека престанало, дека си го издржала и дека потсвесно беше подготвена и за поголема доза, поголем удар. Па, си заклучуваш дека човек е навистина чудо, дека човек не знае колку може да поднесе сѐ додека животот не го стави на ваков испит.

И не си од тие што одат наоколу и кукаат колку многу ги боли, колку многу им е сервирано, па затоа луѓето не ни сфаќаат.

Гледаат лесно ти е, со насмевка поминуваш, со глава крената и со страст за животот многу поголема од нив, па некогаш и забораваат да прашаат како си.

И во ред е тоа, тие нема да те доведат до солзи... До солзи ќе те доведат луѓето  кои ти се поддршка секој ден, тие што ги тераат работите на шега за да не мислиш колку всушност е сериозно, тие што ти велат дека си убава дури и кога не се чувствуваш ниту третина од тоа што беше, дури и кога без здив се искачуваш по карпа за да си докажеш дека ништо не е сменето, а сменето е. Многу е сменето. Не сакаш да признаеш, но ти си сменета.

И тоа е во ред. Во ред е страдањето да те порасне, измести од колосек, да направи да се преиспиташ, да се запрашаш што правеше погрешно, а што правилно, и да си потпишеш пред сама себе дека ти за ништо не си виновна.

Животот го дава тоа што наумил да го даде, а ти дади сѐ од себе за во најтешкото најсилна да бидеш. Ќе си бидеш горда на себе, знаеш таква си ти, себељубов и сѐ е возможно.

И ќе помине...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба – пиварки, орасници, торта со ореви“  Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, ореви...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
„Домашно подготвените торти на мајка ми и денес ме прават горд - фотки од моите стари албуми“ Секогаш имав интересни желби за тоа како сакам да ми изгледа тортата, па најчест...
„Ах, кога баба ми месеше зелник - Нема поубаво, тоа е мирисот на моето детство“ Во моето семејство традиција беше правењето на зелник. По рецептот на баба ми. Н...
Жено, не постои поголема храброст од тоа да бидеш слаба понекогаш Не постои поголема храброст од тоа да бидеш слаба и себеси да се прифатиш како т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg