Љубовни лекции од филозофи

Дури и најголемите прават грешки. Не бадијала велат дека е човечки да се греши. Но, најдобар совет е да учите од сопствените и туѓите грешки за да не ги повторите.

ljubovni-lekcii-od-golemite-filozofi-001.jpg

Ова се неколку кратки љубовни приказни од животот на големите писатели и филозофи од кои може да извлечеме убава поука.

Лав Толстој (1828-1910)
Пред да кажат да, тој и неговата вереница Софија Андреевна Берс, авторот на „Војна и мир“ и ги покажал сите свои дневници на идната сопруга – токму на денот на венчавката. Таа била шокирана кога добила увид во неговото промискуитетно минато, кое вклучувало од проститутки, полови болести и хомоеротски фантазии: „Мислам дека никогаш не се опоравив од шокот“, напишала подоцна, потсетувајќи се како плачела за цело време на венчавката.

Што можеме да научиме од Толстој: Искреноста и довербата се важни компоненти на успешен брак.

Мартин Хајдегер (1889-1976)
Хајдегер, инаку оженет професор, често бил во афери со студентките „Никогаш нема да можеш да бидеш моја ако од сега припаѓаш во мојот живот“, и напишал на својата 18 годишна студентка Хана Арендт откако воделе љубов во шума во близина на факултетот. Неговата жена не била единствена бариера во таа романса – Арендт била еврејка, додека Хејдегер го симпатизирал нацизмот.

Нивната афера прекинала откако Хајдегер и помогнал да побегне од земјата во 1933. Арендт подоцна јавно го бранела од критиките за неговото нацистичко минато. Таа била убедена дека е љубовта на неговиот живот. Во меѓувреме, Хајдегер останал во брак до својата смрт во 1976 година.

Што можеме да научиме од Хајдегер: Ако е оженет, односно вели дека ќе ја остави жената заради вас, но му е потребно време, најдобро е да побегнете од оваа ситуација што поскоро. Уште попаметно ви е воопшто да не се впуштате во афера со мажи/жени во брак.

Денис Дидерот (1713-1784)
Дидерот не заработувал многу како писател во Франција во 18 век. Кога пријателите му советувале да го напушти градот, тој одбил да ја поведе и жена му со себе – со објаснување дека е прескапо и двајцата да ручаат во фин и скап ресторан. Идните 40 години, госпоѓа Дидерот била дома, јадела сув леб и ја одгледувала нивната ќерка, додека мажот патувал и ја трошел малата заштеда на подароци за љубовниците.

Што можеме да научиме од Дидерот: Обидете се подобро да ја запознаете личноста со која сте се одлучиле да стапите во брак.

Бертранд Расел (1872-1970)
Во своето дело „Брак и морал“ идеалистичниот филозоф Расел го критикува разводот, тврдејќи дека тоа е пат до распадот на западната цивилизација. По 40 години и 3 разводи, тој ги ублажил своите погледи: „Не знам што да мислам за бракот. Можеби разводот носи помалку несреќа отколку бракот“ запишал. Својата последна 4-та сопруга ја зел за жена на свои 80 години.

Што можеме да научиме од Расел: Никогаш не вели никогаш, а уште помалку немој да ги осудуваш другите.

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg