Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Неповторливи, незаменливи и никогаш заборавени - 26 години од појавата на легендарните К-15

Незаборавени ликови, смеа до солзи, а всушност толку вистинити пораки во кои се пронаоѓа секој поединец кој некогаш згазнал на ова наше мало парче земја.

Nepovtorlivi-nezamenlivi-i-nikogash-zaboraveni-26-godini-od-pojavata-na-legendarnite-K-15 01 630x340.jpg

Никој не го умееше тоа подобро од едните и единствени, незаменливите: К-15.

Тројца „човеци“ - како што би рекол Цацко, кои имаа моќ да сплотат илјадници луѓе пред малите екрани и без разлика на етничките, верските, културно-општествени разлики, за миг да ги избришат сите секојдневни проблеми и да „нацртаат“ насмевки.

К-15 е дефинитивно досега најпопуларното македонско хумористично телевизиско шоу, составено од голем број на хумористично-сатирични скечови на македонски јазик.

Исто така, кон оригиналноста на овој телевизиски формат придонесуваат богатствата на јазикот, односно дијалектите.

Телевизиското шоу К-15 започнува да се снима во средината на 1990-те години, а првата епизода е емитувана на 23 ноември, 1994-та година на телевизијата А1.

Подоцна оваа телевизиска платформа се емитува и на Сител, МТВ и Канал 5 Телевизија, за на крајот да отвори свој телевизиски канал.

За многу кратко време ова ТВ трио успева да ги придобие симпатиите од својата публика зад малите екрани.

Епизодите продолжуваат да се снимаат, а зад нивната брилијантност стојат маестралните: Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров, и Бранко Огњановски.

Nepovtorlivi-nezamenlivi-i-nikogash-zaboraveni-26-godini-od-pojavata-na-legendarnite-K-15 02 630x420.jpg

Бранко Огњановски го гледаме во улогата на незаборавниот Миле Паника, карактеристичен по честата употреба на југословенските изрази, неговите светкави сакоа и очилата со големи рамки.

Го гледаме и во ликот на Блажо, стереотипичен македонски земјоделец од Струмичко-Радовишкиот крај, во Охриѓанецот преку кој вешто ја прикажува стереотипната нетрпеливост кон скопјаните, во ликот на Зоран, Албанецот преку кој се дава сатирична критика на меѓуетничките односи меѓу Албанците и најчесто Македонците.

Исто така, Бранко својот разновиден талент го покажува преку ликовите на Гркот и Џони Џанак, преку кој е прикажан типичниот македонски наркоман.

Nepovtorlivi-nezamenlivi-i-nikogash-zaboraveni-26-godini-od-pojavata-na-legendarnite-K-15 03 630x400.jpg

Васко Тодоров ја зазема улогата на фасцинантниот Тошо Малерот, кој е олицетворение на типичен „скопски мангуп“ кому среќата ретко му се насмевнува.

Карактеристичен по употребата на сленгови, а негов омлиен и најчест е сленгот „батка“.

Васко го гледаме и во улогите на Ристо („разбираш“), сопатникот на Блажо кој исто така доаѓа од Струмичко-Радовишкиот крај и во улогата на скопскиот полицаец.

Nepovtorlivi-nezamenlivi-i-nikogash-zaboraveni-26-godini-od-pojavata-na-legendarnite-K-15 04 630x400.jpg

Последниот од извонредното Дуо Трио, таканаречениот хумор во движење, Бубо Каров кој со својот специфичен кавадаречки дијалект умееше да ја насмее како старата, така и најмладата популација.

Nepovtorlivi-nezamenlivi-i-nikogash-zaboraveni-26-godini-od-pojavata-na-legendarnite-K-15 05 630x400.jpg

Nepovtorlivi-nezamenlivi-i-nikogash-zaboraveni-26-godini-od-pojavata-na-legendarnite-K-15 06 630x400.jpg

Низ големиот број на епизоди овие тројца генијалци ги „урнаа“ сите табу-теми и на совршен начин исмејувајќи, ги разоткрија сите маани и несовршености во нашето општество.

Иако во 2012-та К-15 јавно го обелодени својот крај, сите ние често знаеме да се потсетиме на нивните скечеви гледајќи ги на нивниот јутуб канал.

Nepovtorlivi-nezamenlivi-i-nikogash-zaboraveni-26-godini-od-pojavata-na-legendarnite-K-15 07 630x400.jpg

Во продолжение ве потсетуваме на неколку од нив:

„Буби го боле меот“

„Сељак на годината“

„Они се добри играчи“

„Крај на школската година“ 

„Тошо и Цацко на базен“

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

„Кога ме игнорираш, не ме казнуваш - само ме учиш полесно да живеам без тебе“ „Тоа што ме игнорираш, не значи дека е крај на мојот свет - тоа е почеток на нов...
Милена Антовска за CRNOBELO лексикон: „Пола школо го виде мојот прв бакнеж“ „Имам една навика за која се надевам дека никој не ја забележува, а тоа е дека с...
Мики Секуловски за CRNOBELO лексикон: „Брат ми правеше бељи, јас го извлекував подебелиот крај“ „Се плашам од користољубиви луѓе, а најголем идол ми е татко ми“ - Мики Секуловс...
Гумени сандали, платнени лежалки на расклопување - Kако изгледаа летните одмори во Југославија? Никаде не се одеше без гумени сандали, чадор, пренослив фрижидер и платнени лежа...
Драг/а ти, имаш потреба да го промениш својот живот, ти се превртува во стомакот, но време е! Драг/а ти... Знам како се чувствуваш, во себе имаш потреба од голема животна про...
Кога личноста не е задоволна од себе и својот живот, тогаш станува злобна кон другите Личноста која не е среќна со себе почнува да станува завидлива, да се однесува д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg