Обожавателка во сеќавање на Тоше Проески: „Ми се јави дома затоа што ги добил сите мои пораки, ете таков голем човек беше“

fan-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-mi-se-javi-doma-zatoa-shto-gi-dobil-site-moi-poraki-ete-takov-golem-chovek-beshe-09.jpg

Нормално, од утредента почнав да раскажувам на сите најблиски во училиште, но никој не ми веруваше и тоа не ми беше важно бидејќи јас ја имав таа чест да разговарам со него и сум бескрајно благодарна за тоа.

Многу набрзо по оваа случка, мојата другарка (чија тетка беше новинар) славеше роденден во Градскиот парк во Скопје. Тој ден добивме информација од тетката дека Тоше треба да пристигне во секој момент бидејќи ќе гостува во Сител телевизија.

Откако ни јави дека пристигнал, јас со цела моја сила се стрчав за прва да пристигнам пред телевизијата и да го видам. Трчајќи со брзина на светлината го здогледав од далеку и во тој момент се свртев кон другарчињата кои трчаа позади мене и извикав „Дечки Тошееееее”.

Се симнав по скалите и веднаш му се фрлив во прегратки. Не можев да ги сопрам солзите од радост и не сакав да го пуштам од прегратка, сакав да трае вечно. Тоше ме гушкаше и ми ги бришеше солзите, велеше „Немој сонце, не плачи. Тука сум, не плачи”.

fan-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-mi-se-javi-doma-zatoa-shto-gi-dobil-site-moi-poraki-ete-takov-golem-chovek-beshe-3.jpgфото: Грациела Петровска за CRNOBELO.com

Од солзите му ја наводенив бело-црвената маица, а од возбуда му ги бутнав наочарите. Сите други чекаа на ред за да го изгушкаат. Бидејќи со себе не носевме ниту хартија ниту пенкало за автограм, позајмивме од чичкото кој стоеше до нас и продаваше семки и сончоглед.

И покрај автограмот на хартија, јас побарав да ми се потпише на внатрешноста од зглобот на раката. Со месеци ја заштитував раката со најлон и ја држев во вис додека се бањав ? а од време на време го повторував потписот за да не избледи. Тоа беше најубавиот ден во мојот живот.

Сонував за тоа дека ќе се омажам за него (детска љубов) па сите роднини и пријатели знаеја често да ме задеваат за тоа. Еднаш дури се скарав со мајка ми која не сакаше да ме носи во Сител телевизија да го видам, па плачејќи и реков „Ама ти не разбираш, јас ќе се омажам за Тоше”.

Додека бев член на еден клуб за модерен балет, си замислував дека можеби некогаш мене ќе ме одберат да играм на негов спот или концерт. Тоа беа детски и слатки имагинации и соништа, но исполнети со многу љубов.

Го следев секој негов чекор, ги учев сите нови песни, присуствував на скоро сите негови концерти кои не сакав никогаш да завршат.

obozhavatel-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-mi-se-javi-doma-zatoa-shto-gi-dobil-site-moi-poraki-ete-takov-golem-chovek-beshe-11.jpgфото: Грациела Петровска за CRNOBELO.com

Со издадени 7 албуми, безброј хитови, многу спотови и концерти Тоше стана најпопуларниот пејач на Балканот и пошироко. Тој важеше за голем хуманитарец и никогаш не забораваше на најраливите, па затоа голем дел од неговите концерти беа хуманитарни и сите средства ги донираше на оние на кои им е најпотребно.

На 5-ти октомври во 2007-ма година, го одржа неговиот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје.

Пред концертот на другарките им реков „Ова ќе биде најубавиот концерт до сега”. Се чувствував прекрасно, играв, пеев најсилно што можев, како никогаш претходно.

Кога се појави на сцената и клекна на колена се случи нешто чудно во мене. Се наежив од глава до пети, чувствував морници и плачев. Ги вклучивме мобилните телефони и повторно го направивме за него познатото ѕвездено небо, а тој рече „Сакам да сум таму. Сакам слика, сликајте ме со ѕвезденото небо.”

Тогаш не знаев зошто владее таа чудна енергија која правеше да се чувствувам така. Но, имаше нешто магично. И на овој концерт не испрати со неговиот познат израз „Ве сакам сите”.

fan-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-mi-se-javi-doma-zatoa-shto-gi-dobil-site-moi-poraki-ete-takov-golem-chovek-beshe-5.jpg

Славата воопшто не го промени. Остана скромен и дарежлив. Не заборави кој е и од каде доаѓа. Несебично нѐ учеше на вистинските вредности во животот. Велеше „Не сакам да ми симнувате капа, сакам само да се гордеете со мене. И бевме горди и сѐ уште сме многу горди што имавме можност да го запознаеме овој Дар од Бога кој прерано нѐ напушти.

Вторник, 16-ти октомври 2007 година, 9 часот наутро добив повик од другарка која плачејќи ми рече „Тоше загинал во сообраќајна несреќа.

Збунето прашав кој Тоше, а таа го кажа тоа што никогаш не сакав да го слушнам - Тоше Проески. Реков не се глупирај, нема шанси, тоа е уште една од многуте афери кои излегуваа за него, а таа ме убедуваше дека се зборува на сите радија и телевизии.

Го вклучив радиото и слушнав негова песна, ја сменив станицата мислејќи дека случајно така се погоди, но повторно негова песна. Го вклучив и телевизорот и на екранот се појави неговата слика со натпис “In memoriam”…

fan-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-mi-se-javi-doma-zatoa-shto-gi-dobil-site-moi-poraki-ete-takov-golem-chovek-beshe-07.jpg

Ми се пресекоа нозете, рацете ми трнеа и почнав да треперам, исто како и во овој момент додека пишувам. Во градиве се појави огромна болка, како некој да ми ја корне душата. Не можев да се соземам.

Тој ден сите се упативме на Градскиот плоштад во Скопје каде илјадници луѓе спонтано се собираа да ти оддадат почит. Остававме твои слики, ти испишавме илјадници пораки со кои сакавме да ти искажеме колку те сакаме и колку боли оваа ужасна вест.

Градот беше полн од народ и автомобили, но овојпат не беа со насмеани лица бидејќи одат на твој концерт. Овојпат на секое лице, старо, младо, машко или женско имаше солзи кои не можеа да се сопрат.

fan-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-mi-se-javi-doma-zatoa-shto-gi-dobil-site-moi-poraki-ete-takov-golem-chovek-beshe-9.jpgфото: Фејсбук

Верував дека е сон, дека ќе се вратиш и повторно во еден здив ќе ги пееме сите твои песни на Градскиот стадион.

Мислев дека си бесмртен и дека ќе живееш вечно. Но, и денес, после 13 години како те нема, сѐ уште ја чувствувам истата болка и празнина. Ужасно недостигаш, недостасува и Градски стадион, недостасува и ѕвезденото небо, сѐ твое недостасува.

obozhavatel-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-mi-se-javi-doma-zatoa-shto-gi-dobil-site-moi-poraki-ete-takov-golem-chovek-beshe-12.jpgфото: Грациела Петровска за CRNOBELO.com

Многумина не можат да сфатат колку голем човек беше. И секоја година истото прашање Зошто баш тој? Зошто најмилото суштество на кое од очите му извираше сјај и искреност, а од душата добрина и љубов. Тоа лице слатко како бајадера, тие коси, костенливи очи и таа шеќерна насмевка, не се забораваат.

Тоше беше личност која несебично даруваше, сакаше сите да бидат среќни, да нема зло и да ја шири љубовта. Тој беше човек со големо златно срце. Безрезервно нѐ сакаше сите до еден, ја сакаше татковината и ценеше сѐ што има и сѐ што стекнал.

Со само 26 години постигна многу успеси, но останаа толку многу неостварени соништа, недоживеани нешта, недоиспеани песни, недољубени лица.

Нѐ научи на многу нешта. Сега сите се обидуваат да чекорат по твоите стапки, да станат подобри луѓе, но никој никогаш не може да те замени тебе. Нема доволно зборови кои ќе те опишат тебе и белегот кој го остави на сите нас со кои успеа да споделиш неколку прекрасни години од твојот краток живот.

Сега ни останаа само сеќавањата на тие незаменливи моменти, сеќавања кои си ги оживуваме пеејќи ги твоите песни и гледајќи ги твоите концерти, кои никогаш повеќе нема да се случат.

И понатаму ќе ги пееме твоите песни и ќе зборуваме за тебе, за тоа колку голем човек беше, за твоето ангелско срце, за твојата хуманост.

Така ќе живееш вечно. Ќе раскажуваме за тебе на нашите деца и внуци, на сите идни генерации.

Вечна ти слава Ангелу наш! Свети силно таму горе во твојот мир!

Те сакам бескрајно, сега и секогаш!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg