Ученици од Скопје ја изненадија својата професорка по боледување - Срце полно љубов

srce-polno-ljubov-uchenici-od-skopje-si-ja-iznenadija-profesorkata-po-boleduvanje-1.jpg

Недостиг, копнеж, желба... Три навидум толку едноставни зборчиња, а нивната суштина: неопислива!

И ете сме повторно кај она добропознатото: „Откако ќе изгубиме некого, сфаќаме колку всушност ни недостига секоја трошка од неговото присуство“.

Но, овојпат ќе се осврнеме на другата страна, онаа позитивната, па зарем не доликува така да се испрати оваа бесконечна 2020 година?!

Кој би рекол дека оваа ситуација може да донесе и солзи радосници, да разбуди чувство коешто никој досега не успеал да го разбуди.

Сепак, не рекле залудно: „Сѐ зависи од аголот од кој ги гледаме нештата“.

Средношколските години се всушност јадрото на младоста. 

Учењето, осознавањето нови нешта, џагорот, училишните клупи, дружби... Тоа се моменти кои остануваат засекогаш врежани во катчето на детската меморија.

Но, училиштето не е само тоа. Не е само учење, не е само оцена... Училиштето е љубов, училиштето е поддршка, разбирање, хуманост и емпатија.

Не залудно се вели, два и два не секогаш се четири, нели?!

И да, да се биде наставник е навистина одговорна, но и неописливо прекрасна професија.

Имено, оваа студена зима, ученици во прва година од скопската гимназија „Никола Карев“ преку навидум „мал“, а всушност бесценет гест, успеаја сосема да го згреат срцето на својата професорка.

srce-polno-ljubov-uchenici-od-skopje-si-ja-iznenadija-profesorkata-po-boleduvanje-02.jpg

Точно е, оваа ковид-ситуација не поштедува никого, но начинот на којшто овие драги деца ја дочекале нивната професорка по боледување е вистински показател дека љубовта не познава граници.

Овие ученици со сигурност ја научиле најважната лекција, лекција којашто нѐ учи: „Kако се станува човек!“

srce-polno-ljubov-uchenici-od-skopje-si-ja-iznenadija-profesorkata-po-boleduvanje-01.jpg

*Сторијата и фотографиите се објавени со дозвола на директорот на училиштето и учениците. Идентитетот на професорката и учениците ѝ е познат на редакцијата, но задржани се правата за приватност.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татјана Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам професорка кога ќе пораснам“ „Мој соученик од основно ми беше прв симпатија, но го немам видено од 8 одделени...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
„Ние младите многу скроламе по телефоните, малку живееме, дури ни љубов не водиме“ „Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. Многу мои врсни...
Бев на ургентно во Скопје 3 пати во една седмица и сфатив колку сме неблагодарни за сè По игра на случајноста наречена живот, се најдов во една седмица 3 пати на урген...

Најчитани неделава