Не ја видел ќеркичката, но не одбива дежурство - докторот гордост на професијата

Тој е доказ дека за да бидеш добар доктор треба прво да си добар човек и Македонија е среќна што го има, него и нему сличните.

ne-ja-videl-kjerkichkata-no-ne-odbiva-dezhurstvo-doktorot-gordost-na-profesijata-01.jpg

Тој не одбива дежурство.

Тој го дава својот телефонски број на пациентите. И кога му ѕвонат во 3 часот по полноќ крева на телефон.

За нив е стабилност, поддршка, едноставно живот значи.

Се жртвува себеси, запоставува сакани луѓе, но предано и посветено ја работи професијата.

Да се биде доктор пред сѐ значи да се биде хуман, а тој е и повеќе од тоа.

Кај него нема грам себичност, кај него пациентите се светост.

Кај него нема егоизам, во неговите очи има само алтруизам.

Кај него нема незгодно време, секој тајминг е соодветен за да помогне некому.

И верувам дека тоа го исцрпува. Му создава и подочници под очите и неспокој во ноќите и го боли туѓа болка што гледа.

Но, најважно е што има душевен мир. Без разлика колку и да е физички уморен, тој е психични мирен затоа што знае дека во секој миг дава сѐ од себе за пациентите.

Посветен комплетно, тој е гордост на професијата.

Вистински приказ како би требало да изгледа еден доктор.

Вистински пример за човекољубие.

Вистински доказ дека за да бидеш добар доктор треба пред сѐ треба да си добар човек.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С.| Црнобело / Фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Што сакаат жените, кога велат дека веќе не сакаат ништо (од вас)? Под влијание на емоциите, жените можат да донесат непромислени и неразбирливи од...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg