Вистина или легенда: Мистериите за македонските невести кои по смртта го бараат својот сакан

Во текот на ноќта, во најцрната темнина, силуета на жена во бел фустан лебди во мракот крај патот, како да бара некој или нешто... Оние кои со свои очи ја виделе велат дека е дух кој ги следел по патот, други пак велат дека е само светлина... Но, која е вистината - дали е дух или само илузија и легенда?

vistina-ili-legenda-misteriite-za-makedonskite-nevesti-koi-po-smrtta-go-baraat-svojot-sakan-01.jpg

Многу приказни и легенди, раскажувани и пренесувани од колено на колено, од генерација на генерација, некои вистинити, некои лажни, но едно е сигурно, сите кријат некоја мистерија која до ден денешен не може да се одгатне...

Понекогаш е тешко да веруваме во приказните за духови и сеништа, вампири и самовили, но тие сепак постојат и се раскажуваат, бидејќи постојат и сведоци кои раскажуваат за своето искуство со паранормалното, непознатото, мистериозното...

Често слушаме различни приказни, но дали сте ги слушнале приказните за духовите на невестите кои по смртта талкаат во темнината кај скопско Волково и мавровско, барајќи ја својата изгубена сродна душа?

Во продолжение ви пренесуваме неколку такви приказни кои старите локалци ги раскажуваат и се шират од колено на колено, а дали се вистинити - проценете сами...

Духот на невестата на пругата во Волково

Приказната за невестата од Волково ја слушнав од моја братучетка, која живее во населбата Кисела Јабука, во близина на селото Волково. Таа вели дека мештаните од Волково и околината раскажуваат за духот на невестата кој се појавувал на пругата на полноќ барајќи го својот покоен сопруг.

Според нејзините зборови, на местото викано Мовче, веднаш до пругата во Волково, млад пар се враќал од својата свадба.

Биле млади, во раните дваесети години, но силно вљубени. Направиле голема свадба во селото. По забавата, враќајќи се накај дома - се случила трагедија. Поминувајќи ја пругата, биле прегазени од воз и младиот пар починал на лице место.

Кратко по нивната смрт мештаните почнале да раскажуваат за духот кој се појавувал на пругата, после полноќ, на истото место, во исто време како и трагичната несреќа во која младиот брачен пар ги загубие своите животи.

vistina-ili-legenda-misteriite-za-makedonskite-nevesti-koi-po-smrtta-go-baraat-svojot-sakan-03.jpg

Велат дека го виделе духот на младата невеста, во нејзиниот бел фустан, како талка по пругата. Веруваат дека таа го бара својот сакан меѓу случајните минувачи во ноќта.

Долго време духот ги преплашувал оние кои минувале крај пругата, сè додека еден мудар старец не им рекол дека таа го бара својот сопруг бидејќи не се закопани заедно.

По трагичната смрт, семејствата ги закопале младите, но во различни гробови. Според старата традиција, сопружниците секогаш треба да се закопаат во иста гробница за да бидат заедно и на оној свет.

Мештаните ги послушале зборовите на старецот, па ги закопале заедно, во ист грб. Велат дека после тоа духот на невестата престанал да се појавува, бидејќи таа конечно била покрај својот сакан, го пронашла својот мир на другиот свет.

vistina-ili-legenda-misteriite-za-makedonskite-nevesti-koi-po-smrtta-go-baraat-svojot-sakan-02.jpg

Духот на невестата која ги гаси автомобилите во Мавровско

Уште една трагична приказна за изгубен млад живот и неостварена љубов...

Иако за неверување, но постојат многу сведоци кои го споделуваат своето страшно, паранормално искуство со духот во Мавровско. Тие велат дека на патот измеѓу Никифорово и Леуново, во црната ноќ, се појавувал духот на млада жена, во бел долг фустан, невеста.

Оваа приказна ја слушнав од мојата колешка, родум од Гостивар која често патува во мавровскиот крај.

Точно на полноќ, белиот дух се појавувал пред автомобилите и тие одеднаш без причина застанувале и моторот престанувал со работа. Духот лебдел пред автотмобилот точно една минута, а потоа едноставно исчезнувал во темната ноќ.

Старите мештани ги советуваат сите оние кои ноќе патуваат во мавровската околина да бидат внимателни поради оваа стара мистерија и велат никогаш да не го гледаат духот во очи. Според нив, ако ви се појави духот - само треба да ја наведнете главата и ќе замине без трага.

Старата легенда вели дека тоа е дух на млада девојка која избегала од дома за да се омажи со својот сакан кој нејзините дома не го одобрувале. Но, додека трчала кај саканиот, разбојници ѝ го пресекле патот и ја убиле. Така, нејзниот дух останал да талка во ноќта и да ја бара својата сродна душа.

vistina-ili-legenda-misteriite-za-makedonskite-nevesti-koi-po-smrtta-go-baraat-svojot-sakan-04.jpg

Битолчани пак раскажуваат за мистеријата во селото Ротино - бела, силна светлина со женска форма која се појавува во текот на ноќта. Уште една прказна за изгубена љубов.

Слична е и приказната за невестата од скопското село Јурумлери, за уште една почината млада девојка која ноќе го бара својот сакан меѓу случајните патници, не повредувајќи никого...

vistina-ili-legenda-misteriite-za-makedonskite-nevesti-koi-po-smrtta-go-baraat-svojot-sakan-05.jpg

Приказни без број, но основата иста - загубена љубов поради трагачина смрт...

Постои поврзаност меѓу сите нив, само локацијата е различна. Велат дека духот на починатиот се појавува бидејќи сè уште има некоја недоврешна работа во светот на живите.

Очигледно, изгубената љубов или разделбата со сопругот е причина духовите на младите невести да талкаат во ноќта барајќи го својот сакан.

Дали се ова само уште неколку урбани легенди или необјаснива мистерија?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Ако си мангуп и порачуваш скапи вина на групна кафеанска седенка, тогаш остави си плус пари како гос... Имате ли и вие некој Mистер Џек во друштвото што нарачува 5 вина од по 100 евра ...

Најчитани неделава