Кратка мудра приказна: Проблемот кој започнува со коњ...

Едно младо момче за 2.000 евра купило коњ. Го платило и газдата му ветил дека ќе му го донесе утредента. Утредента дошол газдата и му рекол на момчето: „Жал ми момче, коњот цркна!“

prikazna-mudro-momce-001.jpg

Момчето: „Добро, вратете ми ги парите“.

Газдата: „Жал ми е, но не можам да ти ги вратам парите, веќе ги потрошив“.

Момчето: „Тогаш донесете ми го цркнатиот коњ“.

Газдата: „Зошто!?“

Момчето: „Ќе направам лотарија. И немојте никому да кажувате дека коњот цркна!“

По месец дена се среќаваат газдата и момчето, па газдата го прашува како поминал со лотаријата.

Момчето: „Распишав лотарија, едно ливче беше 30 денари, продадов доволно за да си ги вратам моите 2.000 евра“.

Газдата: „Зарем никој не се пожали?“

Момчето: „Само типот кој го доби цркнатиот коњ, па нему му ги вратив  триесетте денари“

Момчето денес работи во банка.

Поука: Проблемот секогаш почнува со некој коњ, а банките само си ја работат својата работа...

Би можело да ве интересира:

Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...
Ако си мангуп и порачуваш скапи вина на групна кафеанска седенка, тогаш остави си плус пари како гос... Имате ли и вие некој Mистер Џек во друштвото што нарачува 5 вина од по 100 евра ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg