Во Македонија не можеш ниту достоинствено да почиваш во мир на гробиштата – депонии кои си ги платил со злато

Кога почина татко ми во нашиот дом се собраа неговите најблиски пријатели за да ни помогнат да го испланираме погребот. Решивме да го закопаме во друг град каде што живеевме порано, па имаше малку логистика и повеќе организација во процесот.

Vo-Makedonija-ne-mozes-nitu-dostoinstveno-da-pocivas-vo-mir-01.jpg

Додека седевме отапени од шок и болка, го слушнав еден од пријателите на татко ми како по телефон се договара да му се најде некое „поубаво“ место на градските гробишта, да биде блиску до патот и чешмата…

Мене во тој момент оваа ситуација ми се виде бесмислена, но немав сила да прашувам ниту да се објаснувам.

Откако загубивме многу блиски луѓе, сакајќи да им оддадеме последна почит на вечното почивалиште, сфатив зошто тоа кобно утро пријателите ѕвонеле за „поубаво“ гробно место.

Затоа што останатите коишто ти се доделуваат, а си ги платил како 2 луксузни свадби, не вредат ни пет пари.

Мене ми е јасно дека оваа тема е морбидна и дека не е толку битно на крајот на краиштата, сите одиме во таа „дупка“ од која никој не се вратил, но за тие потрошени пари, вечниот дом треба да изгледа барем малку пристојно.

Ама поморбидно е тоа што некој решил да заработува на маката и тагата на несреќни луѓе, кои, каде го изгубиле саканиот, треба да подигнуваат и кредит за да му купат гробно место и да му обезбедат пристоен погреб.

Конкретно, на најголемите градски гробишта во главниот град, во една парцела, а верувам дека таков е случајот и со поголемиот дел од другите, тоа што требаше да биде патека-премин помеѓу гробните места одеднаш стана простор за продажба на уште повеќе.

Едноставно е невозможно да стигнете до местото каде што почива оној кој ви значи, без да згазите на уште 20 други.

Целиот „нов“ простор тоне во ѓубре што никој не се грижи да го собере. Вечните почивалишта на тие кутри луѓе потсетуваат на депонија, срамно и бедно, недостоинствено за кого било.

Дали сте знаеле дека во Србија во поголемите градови, кога ќе решите да правите помен за некого, едноставно се јавувате во претпријатието што стопанисува со гробиштата, го кажувате датумот, а екипа доаѓа и го средува гробното место, наместо да влечкате кофи, метли и џогери, и да одите 10 пати до чешмата од која – не тече вода?

Како и на сè друго во оваа држава, така и за оваа работа, некој едноставно решил да профитира и безмилосно да се богати од нечија мака и туѓи солзи.

Дали знаете дека постојат луѓе што уште исплаќаат гробни места и споменици, затоа што тоа стана невиден луксуз во Македонија.

Луксуз стана достојно да те погребаат, па згора на сета мака, твојот вечен дом да тоне во ѓубре затоа што некој не е доволно заинтересиран да си ја врши работата.

Македонија одамна е место каде што не се живее достоинствено. А сега стана и место каде што не можеш достоинствено ниту да умреш ниту да почиваш во мир.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg