Во ред е да згрешиш во животот, но не е во ред свесно да му напакостиш некому

И биди човек, за утре да имаш човек да ти се најде. Не сити се на туѓите грешки и ти ќе згрешиш, порано или подоцна... Живот се вика тоа.

nema-da-bidesh-srekjen-ako-na-tugjite-greshki-se-sitish-i-zlo-seme-seesh-ne-sfakjash-01.jpg

Сите имаме барем еден настан од кој се срамиме во животот, грешка која сме ја направиле или непријатно искуство во кое случајно сме се вовлекле себе или сме вовлекле некого.

Значи се случило мора да признаеме и сме си наштетиле себеси или на некој друг...

И тоа е во ред, не е за пофалба, но и дел од она што се нарекува живот. И нема да се повтори.

Но, не е во ред работите да ги правиме свесно и промислено со цел да напакостиме некому.

Не е во ред да сееме злоба, да го пуштаме своето зло семе во другите да расте и да се ситиме на стореното.

Навистина не е во ред.

Зошто го правиме тоа?

Посилно е од нас и едноставно сме лоши луѓе?

Или пак сме исфрустрирани од својот живот, па туѓото гајле го береме?

Или пак душата ни е црна, а мислите за нијанса потемни?

И што со тоа?

Дали ако другиот страда, ти среќен ќе бидеш?

Дали душата ќе ти се наполни?

Срцето можеби?

Не, така среќа не се гради, ниту репутација, ниту имиџ, ниту се стекнува нечија симпатија, ниту ти дава на вредност.

Едноставно се прикажуваш во издание какво што си.

Тажно, празно, мрачно.

Човек кој за љубов не е вреден.

Човек кој пријатели нема.

Човек кој не живее за да успее, туку живее за другите да неуспеат.

А ќе ти се случи и тебе...

И ти некогаш ќе потфрлиш за нешто.

Но, знаеш која е разликата?

Луѓето околу тебе рака ќе ти подадат, ќе те поткренат, ќе се посоветуваат, но нема дополнително да те притиснат, повредат, загушат, згазат.

Тоа го прават само НЕлуѓе.

А ти го направи тоа.

Сети се на овој совет наредниот пат.

Добронамерен е и од срце.

И животот е еден, опушти се, среќен биди, туѓо гајле не бери, својот живот види го.

И биди човек, за утре да имаш човек да ти се најде.

А ќе згрешиш, порано или подоцна...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg