Ова интервју за работа е или Интерпол испрашување?!

Длабоко сум ужасната од дел од македонските работодавачи, кои на огласи ветуваат брда и долини, а ако ја прифатите работата, Господ нека ви е на помош.

ova-intervju-za-rabota-e-ili-interpol-isprasuvanje-01.jpg

На интервју - Интерпол: кој си, дали си женет/мажена, а деца планираш, а кога ќе раѓаш, можеш да работиш секоја сабота, а по потреба и во недела.....?!

И на крај следува опис на работно место: бараат доверливост, ажурност, исполнителност, да си тимски играч, ама и да си самостоен, да не доцниш, да седиш прекувремено ако налага работата, да си весел и насмеан и сè тоа за неверојатни 18.000 денари!

Па дали сте нормални, бе? И уште ти вика: даваме мотивирачки бонуси. Е фала многу, бараме работа, квалификувани сме, сме учеле факултети, јазици и сè останато, а вие ќе нè утепате со минималец, па уште и ќе нè подлажувате со „мотивирачки“ бонуси. Ако ви се бонусите високи како платата, воопшто не ни ги давајте, ве молам!

Сакате млади и образовани дечки за работа, ама не ги цените зашто немале искуство, па пак нудите минималец. А како ќе стекнат искуство, ако некој не ги вработи за првпат?

Сакате млади девојки, образовани и потковани, ама ги тормозите со прашања дали ќе се мажат и кога ќе раѓаат. Кој ви дава право на такво навлегување во интимата, каква врска има тоа со работата? Зашто патем, ни мажените не ви се погодени, веднаш следува прашањето: Колкави ти се децата?, овде нема боледување, ќе треба да се снаоѓаш да не трпи работата.

Ако е некој над 45 години, супер си, искусен, ама нас помлади ни требаат...и така се вртиме во круг, за пак да стигнеме до мотивирачката плата од 18.000 денари.

Не го бива вака! И после младите си оделе, па ќе си одат, што им нудиме овде, освен понижување? Се трудат, праќаат апликации за работа, одат на 14 круга интервјуа, за на крај сè да се сведе на смешни пари и огромни очекувања.

Скоро видов оглас за работа за касап, каде беше наведено дека работната атмосфера била пријатна и имало можност за напредок. Хахаха! Да не се лажеме, во што ќе го унапредите касапот, во шеф на касапите? Нема кај нас напредок, ќе трпиш некој раководител да ти се дере цела смена и ќе се воздржуваш да не му/ѝ ја фрлиш кецелата и да си заминеш, зашто нели, тешко се наоѓа работа за минималец.

И уште треба да кажеме „Секоја чест“ на тие што исплаќаат нормални плати, без доцнење. Не луѓе, не треба. Обврска на работодавачот е да исплати договорена сум за плата и придонеси, да ти даде денови од одмор по закон (а не само 2 недели годишно), да исплати регрес, без да ти го побара назад во кеш и притоа платата да се исплати до 15-ти во месецот.

Секоја чест се вели ако работодавачот организира обуки, тренинзи за доусовршување, ако исплаќа 13-та плата, ако дава бонуси за екстра вложен труд, ако дава празнични дневници и пред сè, ако си ги почитува и штити вработените, во секоја смисла на зборот!

Мислам дека генерално ние сме далеку од ова, а дотогаш - секоја чест на трудот и трпението  на работниците!

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

  Кара | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg