Главен муабет на родителска: „Ние донесовме тоалетна со 24 ролни, а другите носат со по 10 ролни, тоа не е фер!“

Навистина не верував дека кога ќе станам родител, ќе доживеам да одам на родителска, која е сè, само не родителска средба.

glaven-muabet-na-roditelska-nie-donesovme-toaletna-so-24-rolni-a-drugite-nost-so-po-10-rolni-toa-ne-e-fer-01.jpg

Во наше време се знаеше што подразбираа родителските - се собираа сите родители, се споделуваа информации за оценките и поведението на дечињата, се разговараше за конструктивни теми, се планираа екскурзии, се кажуваше гласно кои деца имаат потешкотии и сите родители дома ги подучуваа своите деца да му помагаат на тоа дете.

Кај син ми, прво одделение, втора родителска.... дебакл!

Чисто како вовед, нашето образование во целодневна настава подразбираше дека секој родител, кога ќе му биде кажано, треба да донесе топ хартија А4 формат, пакет тоалетна хартија, влажни марамчиња и течен сапун.

Започна родителската, наставничките раскажуваат за децата, нормално само пофални зборови, што се вика „вчера“ тргнале во училиште, што конкретно да ни кажат.

Но кога дојде редот за прашања од родители, јас искрено посакав да ме снема, зашто ме изеде туѓ срам од нивните зборови.

Замислете, единствената дискусија се разви од вознемирени мајки за тоалетната хартија. Како тоа некои деца носеле тоалетна хартија со 10 ролни, а тие донеле со 24 ролни?!

Децата пораснаа, јас на тие две жени повеќе од „Добар ден“ не сум проговорила, тоа беа мајки чии интереси на родителската не беа концентрирани на нивните дечиња, кои и без тоа премали тргнуваат во училиште и тешко се адаптираат, туку нивните ограничени умови ја мереа еднаквоста меѓу децата преку ролните од тоалетната хартија.

Не помислуваат дека пред сè основното образование треба да е бесплатно, а не да се чека од родителите да донесат тоалетна хартија и влажни марамчиња, и второ, веќе кога се бара тоа од нас, мора да имаме предвид дека не сме сите еднакво ситуирани и некој навистина едвај издвоил од домашниот буџет за да донесе тоа што се бара од него.

Децата сега се во погорните одделенија, но муабетите се исти: „Зошто таа да им биде класна, лоша е“, „Сменете го распоредот, не може Физичко да имаат втор час, ќе се испотат“, „Зошто најтешките предмети им се ставени сите во четврток, поделете ги....“.

Не памтам вакво нешто од моите родители, ме оставиле да се адаптирам и да научам сама да се борам, а не татко ми да ми ургира и менува распоред.

Најстрашното е што им успева, здружени 4-5 вакви мамички, пали-гаси се станати, страв да те фати.

Нема натегање и разбирачка со нив, дури и класната се откажа, затоа стигнувам на родителска, ја слушам што има да каже и си заминувам.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...

Најчитани неделава