Да можам одново да живеам (би грешела повеќе)

Да можам одново да живеам – би правела повеќе грешки. Не би се трудела постојано да бидам совршена, туку би била поопуштена. Би била многу похрабра, не би го сфаќала животот толку сериозно, би била полуда и помалку педантна.

da-mozham-odnovo-da-zhiveam-01.jpg

Би искористила повеќе можности, би патувала повеќе, ви се качувала на повеќе планини, би пливала во повеќе реки и езера.

Би посетила места кои никогаш пред тоа не сум ги видела, би јадела повеќе сладолед и помалку грав.

Би се фокусирала само на реалните проблеми, а не на измислените.

Знаете, јас сум една од оние кои преземаа превентивни мерки, живееја разумно и здраво. Час по час. Ден по ден. Ох, имав некои свои мигови, но да можам одново да живеам, би си дозволила многу повеќе такви мигови.

Бев една од оние кои никаде не оди без топломер, чадор и 10 средства за лице. Да можам да живеам одново би патувала полесно, поедноставно, без преполни куфери.

Да можам да живеам повторно би одела босонога по трева на пролет, па сè до есен. Би се лулала на лулашки, би гледала зајдисонце и повеќе би си играла со деца.

Би останала во кревет ако сум болна, наместо да си правам притисок дека светот ќе пропадне без мене.

Би си ја запалила розовата свеќа во форма на срце, наместо да ја чувам да не се стопи.

da-mozham-odnovo-da-zhiveam-02.jpg

Би зборувала помалку, а би слушала повеќе. Би ги поканила пријателите на гости, дури и да имам флека на тепихот, а туш кабината не ми е светната.

Би јадела пуканки во кревет, наместо да се грижам поради нечистотиите.

Повнимателно би го слушала татко ми кога ми раскажува за младоста.

Помалку би се смеела и плачела пред телевизор, а повеќе додека го „гледам животот во живо“.

Би седела на трева, дури иако облеката ми е нова.

Наместо да чекам да поминат 9-те месеци бременост, би го ценела секој миг дека чудо расте во мене и би ценела што тоа е моја можеби единствена шанса да му помогнам на Бог да создаде чудо.

Да живеам одново, да имам втора шанса, би го искористила секој миг и би живеела со полни гради.

Да, би го направила сето тоа ако можам одново да го живеам животот, но не можам.

Затоа престанете да се грижите за безначајните работи. Не им давајте значење на оние кои не ве сакаат, туку ценете ги негувајте ги односите со оние кои ги имате и ве сакаат.

Извор

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Преживеав нешто што никогаш не мислев дека ќе го преживеам и сега не ми можеш ништо „Навистина ништо не можеш да ми направиш. Ниту денес, ниту утре, ниту некогаш. П...
10 грешки во македонскиот јазик што ги правиме често, а поради кои изгледаме неписмени Не се вели базент, туку базен, и не одиме во ресторант, туку во ресторан. Ова се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg