Повеќето сајтови се измама – Работи за Dark Web што сигурно не ги знаевте

Не секој користи Dark Web за криминал, но навистина е лесно да се „наседне“ на лажен сајт кој може да ви ги украде парите и податоците, но и да ве наведе да го прекршите законот.

povekjeto-sajtovi-se-izmama-raboti-za-dark-web-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-01.jpg

Dark Web (мрачна мрежа) се смета за „мрачната страна на интернетот“ (или светската мрежа) каде што не владеат никакви закони.

Бидејќи обично она што се прави на Dark Web е анонимно, ова е совршено место за нелегални активности.

Но, тоа не значи дека луѓето кои сурфаат на Dark Web се недопирливи од законот бидејќи постои начин да бидат најдени и да одговараат доколку се вплеткаат во некаква нелегална активност.

Всушност, ФБИ има затворено бројни сајтови на Dark Web и има фатено многу криминалци преку мрежата.

Оние кои не знаат како да си го заштитат идентитетот на Dark Web, лесно е да бидат најдени и од надлежните, но и од криминалци.

Неколку факти за Dark Web:

Се пристапува преку посебен прелистувач

Ако пробате да пристапите до Dark Web преку прелистувач како Chrome, нема да успеете, бидејќи ви треба посебно дизајниран софтвер за тоа.

Најпопуларниот прелистувач за Dark Web користи енкрипција слична на VPN (виртуелна приватна мрежа).

povekjeto-sajtovi-se-izmama-raboti-za-dark-web-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-02.jpg

Сурфањето на Dark Web не е нелегално

Постои лажно верување дека сурфањето на овој дел од мрежата е нелегално. Ова не е точно.

Односно, ако одите на Dark Web и не направите ништо нелегално, тогаш не сте го прекршиле законот.

Но сепак, постојат веб-сајтови на Dark Web со нелегална содржина или кои нудат нелегални услуги и со самото кликнување на нив, вие го прекршувате законот.

Поради ова, сурфањето е ризично и лесно можете да си создадете сериозни проблеми ако не сте експерт кој знае што точно прави.

А, и не заборавајте дека кога не сте заштитени на мрежата, и криминалците лесно можат да допрат до вашите податоци.

povekjeto-sajtovi-se-izmama-raboti-za-dark-web-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-03.jpg

Не сите го користат Dark Web за криминал

Точно е дека на Dark Web владее криминал, но луѓето не секогаш го користат за да продадат дрога, да договорат убиство или што и да е што е прикажано во филмовите.

Некогаш, Dark Web е платформа за луѓето кои живеат во држави каде што е ограничена слободата на говор - овде можат да ја заобиколат цензурата.

Исто така, овде има и форуми каде што луѓето водат најразлични дискусии кои не мора да се поврзани со криминал или нешто нелегално.

povekjeto-sajtovi-se-izmama-raboti-za-dark-web-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg