Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс
Тоj постојано истакнува дека Мелинда била неговата единствена вистинска љубов.
Таа почина од рак на дојка во 2016 година, и до тоа време беа речиси шест децении во брак.
Подоцна пејачот призна дека по нејзината смрт морал да побара стручна помош за да се справи со тагата и депресијата.

Сепак, најмрачната семејна приказна на Том Џонс е поврзана со неговиот вонбрачен син, Џонатан.
Во 1987 година, пејачот имал кратка врска со тогаш 24-годишната манекенка Кетрин Беркери.
По три месеци таа дознала дека е бремена, а ДНК тестот следната година потврдил дека Џонс е навистина татко на момчето.
Вонбрачниот син на Џонс
Иако судот наложил да плажа 1.700 фунти месечно за издршка на детето, Том категорично одбил да има каква било врска со вонбрачниот син.
Многумина тврдат дека тој ги наследил и гласот и физичките црти на својот татко.
Но, животот на Џонатан воопшто не бил бајковит - станал бездомник, живеел на улица, спиел на клупи и молел за храна.

Сепак, неколкупати се појавил и во медиумите, па тогаш зборувал за своите борби со зависностите, губењето на работата, дури и апсењата - а за сето тоа го обвинувал отсуството на славниот татко од неговиот живот додека бил дете.
Џонатан се обидел да стапи и во контакт со својот полубрат Марк, но никогаш не добил одговор.
Тој и денес тврди дека единствена желба му е да го запознае својот татко, пред да биде предоцна.

А. Ј. | Црнобело