Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти за Ник Кејв, кој вчера пееше во Скопје

Првпат се појавил на филм во 1987 година, во Wings of Desire, кога со неговиот бенд глумеле дека имаат концерт во Берлин.

Оттогаш се појавил во бројни серии и филмови, а го позајмил и својот глас во анимирани филмови.

Во 1980-те години ја одбил номинацијата на MTV за Најдобар машки артист, а во писмото културно напишал дека во музиката не смее да постои натпревар.

Своите песни го пишува на стара машина за куцање, од став дека ако се на компјутер, еден ден кога ќе се чувствува лошо, може само да притисне „избриши“.

Ник е кум на Хевенли Хирани Тајгерлили - ќерката на Мајкл Хаченс, починатиот пејач на INXS.

Зад себе има еден пропаднат брак, а од 1999-та е оженет со Сузан Бик.

Има четири деца. Едниот син, Џетро, го доби од вонбрачна врска и првпат го виде кога момчето имаше 7 години.

Џетро почина во 2022 година на 31 година.

Но претходно Ник морал да се соочи со смртта на уште еден син, Артур, кој паднал од карпа на 15-годишна возраст и починал, а за Кејв тоа бил најтешкиот момент во животот.

Музичарот беше еден од гостите кои присуствуваа на крунисувањето на кралот Чарлс.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Најемотивните стихови од песните на Владо Јаневски: „А над мене ќе никнат булки, црвени ко мојта крв... Од „Некогаш и негде“, преку „Тајна отровна“, „Што и да е, ќе помине“, „Евергрин“...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
10 топли пораки со кои можете да честитате Бадник Доколку сакате готови пораки за честитање Бадник на саканите и пријателите, имам...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава