8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив)

Мит 5: Имало период кога луѓето и диносаурусите коегзистирале

Кога првпат сте дознале за постоењето на диносаурусите, сигурно сте се прашувале како се снаоѓале луѓето кои живееле во ист период со нив.

И, ова е мит во којшто веруваат многумина.

Во реалноста, диносаурусите изумреле околу 60 милиони години пред настанокот на човекот.

8-mitovi-vo-koi-veruvame-ushte-od-detstvoto-i-vistinata-zad-niv-06.jpg

Мит 6: Црните дупки се дупки

Поради името и тоа што се вели дека вовлекуваат сè во себе, нормално е да помислите дека црните дупки се токму дупки.

Но, тие се небесни тела (како планета или ѕвезда) со огромна густина и многу силна гравитација. Поради оваа силна гравитација, тие привлекуваат сè околу себе, дури и светлина.

8-mitovi-vo-koi-veruvame-ushte-od-detstvoto-i-vistinata-zad-niv-07.jpg

Мит 7: Никогаш не треба да разбудите личност која месечари

Иако е мала веројатноста во животот да се соочите со личност која месечари, веруваме дека сте го слушнале овој мит.

Сосема во ред е да разбудите личност која месечари. Можно е да биде збунета, но тоа не значи дека сте ѝ наштетиле.

Ако ја оставите да месечари, постои ризик да се повреди.

8-mitovi-vo-koi-veruvame-ushte-od-detstvoto-i-vistinata-zad-niv-08.jpg

Мит 8: Шеќерот предизвикува хиперактивност

Иако ова е мошне популарен мит, досегашните истражувања покажале дека е лажен.

Обично родителите им дозволуваат на децата да јадат повеќе благо на родендени или некакви прослави. Па, еуфоријата што ја чувствуваат може да биде од самото опкружување, а не од шеќерот.

Шеќерот може да даде повеќе енергија, но не и да предизвика хиперактивност. Кога, пак, нагло ќе се намали во организмот, можно е да се јави летаргичност.

8-mitovi-vo-koi-veruvame-ushte-od-detstvoto-i-vistinata-zad-niv-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава