Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж за 2025?

Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги разочара со признанието дека е геј. Неговите бакнежи со Скарлет Јохансон, дури и пред очите на нејзиниот сопруг предизвикаа многу изммешани реакции. Факти за најсексапилниот маж за 2025-та.

saka-da-ima-deca-ne-krie-deka-e-gej-shto-znaeme-za-djonatan-bejli-akterot-izbran-za-najseksi-mazh-za-2025-01.jpg

Актерот Џонатан Бејли беше избран за најсекси маж за 2025 според People, а јавноста коментира дека ова е првиот вистински добар избор на магазинот по долго време.

Бејли, кој се прослави со улогата на лордот Антони во серијата Bridgerton, пак, во своето интервју, откри дека не очекувал ваква ласкава титула, но и дека пријателите со кои се дружи долго и кои ги знаат неговите тајни, ќе го „утепаат од зафркавање“.

Во моментов тој се подготвува за премиерата на филмот Wicked: For Good, вториот дел на филмот во кој глумеше покрај Аријана Гранде.

Во текот на летото, пак, со Скарлет Јохансон го промовираше филмот Jurassic Park: Rebirth и предизвика низа коментари, бидејќи, пред очите на нејзиниот сопруг се бакнуваа во уста на скоро секое појавување на црвениот тепих.

saka-da-ima-deca-ne-krie-deka-e-gej-shto-znaeme-za-djonatan-bejli-akterot-izbran-za-najseksi-mazh-za-2025-08.jpg

Но, Џонатан не крие дека е геј - тој е првиот кој е избран за најсекси маж во светот на People, а да не ја крие својата хомосексуална ориентација.

Што знаеме за Џонатан Бејли?

Роден е на 25 април 1988 во Валингфорд, Англија.

Има три постари сестри и вели дека поради „брилијантните жени во неговиот живот“ израснал во личноста која што е денес.

saka-da-ima-deca-ne-krie-deka-e-gej-shto-znaeme-za-djonatan-bejli-akterot-izbran-za-najseksi-mazh-za-2025-02.jpg

Глуми од дете, а настапувал со Royal Shakespeare Company.

Имал само 8 години кога добил улога во мјузиклот Les Misérables.

saka-da-ima-deca-ne-krie-deka-e-gej-shto-znaeme-za-djonatan-bejli-akterot-izbran-za-najseksi-mazh-za-2025-04.jpg

Земал часови по балет, но одел и на часови по пијано и кларинет.

saka-da-ima-deca-ne-krie-deka-e-gej-shto-znaeme-za-djonatan-bejli-akterot-izbran-za-najseksi-mazh-za-2025-05.jpg

Првите филмски улоги ги добил на 15 години, и иако бил примен на неколку универзитети, ги одбил за да се запише во драмско училиште.

saka-da-ima-deca-ne-krie-deka-e-gej-shto-znaeme-za-djonatan-bejli-akterot-izbran-za-najseksi-mazh-za-2025-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
9 месеци никој не знаеше дека починал, не прозборе за разводот: Кој е мистериозниот прв сопруг на Бр... Андре Луи Озиер е првиот сопруг на Брижит кој успешно се криеше од јавноста сè д...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg