Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се допадне некој маж“, вели Бед Бани, кој имаше романса со Кендал Џенер. Откако освои неколку статуетки на Греми наградите, се подготвува за настап на Superbowl. Што знаеме за порториканскиот музичар?

Бенито Антонио Мартинез Окасио е маж сосема непознат во јавноста. Но Бед Бани (уметничкото име под кое го знаат) е вистинска ѕвезда.
Веќе неколку години е еден од најпопуларните изведувачи во светот, а постојано го вбројуваат и на листите за најдобро облечени мажи на планетата.
Сон е и на жените и на мажите и важи за геј икона, иако е хетеросексуалец.

Денес, тој го живее луксузен живот за кој порано мислел дека е недостижен.
На последното доделување Греми награди, меѓу другите, ја освои и статуетката за најдобар албум за 2025 година.
Неговиот албум Debi Tirar Mas Fotos е прв во 68-годишната историја на Греми наградите, да е прогласен за најдобар, а притоа е целосно испеан на шпански јазик.

Тој ја има честа и да настапи на полувремето на годинешниот Superbowl, а токму поради него, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека нема да се појави на финалето на Superbowl.
Бед Бани е голем критичар на политиката на Трамп, па тоа го спомена и во својот говор на Греми и не пропушти шанса јавно да каже што мисли.

Што знаеме за Бед Бани?
Роден е како Бенито Антонио Мартинез Окасио во Вега Баја, Порторико, во скромно семејство.
Неговиот татко Тито работел како возач на камион, а мајка му Лисаури е наставничка. Има двајца помлади браќа, Берни и Бисал.
Пораснал со музика, бидејќи мајка му постојано му ги свирела омилените латино песни додека работела низ куќата, а тој танцувал и пеел.

Во школските денови пеел во црковен хор и истовремено настапувал во локалните клубови.
Рано почнал да создава битови и да пишува текстови, и песните ги промовирал на интернет.
Почнал да снима преработки, но и свои песни, на 14-годишна возраст.

Првпат го привлече вниманието кон себе во 2016 година со песната Diles, која му помогнала да го добие својот прв музички договор.
Додека студирал аудиовизуелни комуникации, работел секакви работи за да се издржува, а некое време бил и касиер во супермаркет.
Прекарот Бед Бани (Bad Bunny - лошо зајаче) не е создаден поради неговата музичка кариера, туку го следи уште од детството - на 6 години, облекол костим на зајаче за велигденска фотосесија, а бидејќи бил и смешен и сладок, неговото семејство почнало да го вика Бед Бани.

