Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-актерка
„Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е толку разочарувачки и жално“, изјави во едно интервју Еиза Гонзалес, која плени со својата убавина, но има и мрачна страна во животот и успехот.

Еиза Гонзалез (36) за многумина е најубавата латиноамериканска актерка.
Таа е успешна во Холивуд, ја бараат и како заштитно лице на бројни брендови, кариерата ѝ оди по нагорна линија, среќна е во љубовта.

Накратко кажано, Еиза има сè што би можела да посака една жена.
Зборува течно три јазици, а е и активистка која ја користи својата платформа за да ја крене свеста на јавноста за важни прашања, првенствено за менталното здравје, зашто и самата водела тешки битки на ова поле.

Што знаеме за Еиза Гонзалес?
Зад сјајот на улогите во блокбастерите, се крие приказна за голема лична трагедија, борба со депресија и нарушувања во исхраната, но и постојан притисок од јавноста.
Родена е во Мексико Сити.
Нејзина мајка е поранешната манекенка Гленда Рејна, поради што Еиза од најмала возраст е изложена на светот на забавата и славата.

На шеснаесет години доби главната улога во тинејџерската мјузикл теленовела Lola, érase una vez, која преку ноќ ја претвори во идол на младите во цела Латинска Америка.
Успехот на серијата го дополни со музичка кариера - Гонзалес издаде два студиски албуми, „Contracorriente“ и „Te Acordarás de Mí“.
Пеењето ѝ било прва љубов, нешто што ѝ отвори врата кон глумата.

Откако сними неколку успешни теленовели, во 2013 година реши да се пресели во Лос Анџелес, во обид да успее во Холивуд.
А таму, наместо да ја пречекаат со отворени раце, почна да се соочува со одбивања.

