100.000 девојки се пријавиле на аудиција за Katseye, од 6 избрани една ги напушти - Која е светската женска сензација?
Брзо по ова, Манон се огласи јавно, велејќи:
„Сакам да слушнете од мене - здрава сум, добра сум и се грижам за себе.
Понекогаш работите се надвор од наша контрола, но верувам дека ме очекуваат поголеми работи“.

Кои се останатите 5 девојки?
Софиа има 23 години и ја сметаат за лидер на бендот. Родена е во Манила, Филипини и за себе вели дека пее од 3 години, а музиката ѝ е прва љубов.

Даниела (21) е родена во САД, а потекнува од кубанско-венецуелско семејство, во кое повеќето членови танцуваат. Таа откри дека мајка ѝ е таа што ја научила како да танцува и тоа на 3 години.

Меган (20) пораснала во Хонолулу, Хаваи, каде што од дете танцувала, работела како модел, глумела и свирела укулеле.

Лара (20) растела во Лос Анџелес и Њујорк и таа е активист кој се залага за правата на Индијците во Америка, но и за LGBTQ заедницата.

Јунчае (18) пораснала во Сеул, Кореа и е вистински претставник на популарниот корејски поп.

А. Ј. | Црнобело
