9 месеци никој не знаеше дека починал, не прозборе за разводот: Кој е мистериозниот прв сопруг на Брижит Макрон?
Андре Луи Озиер е првиот сопруг на Брижит кој успешно се криеше од јавноста сè до неговата смрт во 2020-та. Безброј новинари пробувале да допрат до него, но безуспешно, а во јавност нема ни негова понова фотографија. Што знаеме за мистериозниот прв сопруг на првата дама на Франција?

Кога ја почнала врската со 25 години помладиот Емануел Макрон, Брижит била во брак, а и веќе имала деца со сопругот.
Поради скандалозната афера, очекувано, Брижит се разведе од сопругот, а тој успешно се криеше од јавност, дури и откако таа стана прва дама на Франција.
Впрочем, првиот сопруг на Брижит толку добро се криеше, што јавноста дозна дека починал девет месеци по неговата смрт. Тој почина во декември 2019-та, но веста беше споделена со јавноста дури во октомври 2020 година.
Што знаеме за првиот брак на Брижит?
Првиот сопруг на Брижит е Андре Луи Озиер, роден во 1951 година, кој работел како банкар и важел за повлечена личност која не сакала многу внимание.
Брижит и Андре
Во 1970-тите, ја запознал Брижит која потекнува од моќно семејство со бизнис во индустријата за чоколадо.
Се венчале во 1974 година и добиле три деца, а имале хармоничен живот во француското гратче Амиен.
Свадбата на Брижит и Андре
Додека Андре работел како банкар и целосно се посветил на кариерата, Брижит работела ако професорка, но била и домаќинка која го давала најдоброто од себе за сопругот и домот.
Брижит со ќерка ѝ
Како тинејџерка, Брижит била опишувана како бунтовна девојка, но веројатно никој, најмалку нејзиниот сопруг, не очекувал да почне врска со малолетен ученик.
Аферата на Брижит и Емануел траела десетина години и била како „шлаканица“ за Андре кој не очекувал такво предавство.
Емануел Макрон како дете
