За успехот...

На самиот почеток на денот, она што секому е потребно е мотивација и мисла што ќе го води кон успешно завршување на секојдневните предизвици.

krilati-misli-za-uspehot-01

Успехот е она што ни ја враќа самодовербата, нѐ прави среќни и задоволни. А во моментите кога не знаете како да го постигнете или зошто не ви се случува тогаш кога посакувате, треба да знаете некои правила за тоа како да успеете да бидете потрпеливи или поактивни.

Сепак, најважен е успехот кој ќе си го признаеме самите.

- Секогаш го правам она што не можам, за да научам како да го правам. (Пикасо)

- Ако можеш да поверуваш, сѐ е возможно за тој што верува. (Евангелие по Марко)

- Големите дела се остваруваат не преку сила, туку преку постојаност. (Семјуел Џонсон)

- Сите мои успеси во основата ги имаат моите порази. (Дизраели)

- Сето замислено, нема да биде извршено во првите сто дена, ниту во првите илјада, ниту можеби за време на нашиот живот на оваа планета. Но, да почнеме. ( Џон Кенеди)

- Во сите нешта успехот зависи од претходната подготовка. Без подготовка, пропаста ни е сигурна. (Конфучие)

- Да имаш многу критичари е знак на успех. (Ниче)

- Врвот на успехот си го постигнал, кога за тебе веќе немаат значење парите, комплиментите и рекламата. (Томас Вулф)

- Да имаш драгоцени квалитети, не е доволно. Треба и да ги искористуваш. (Ларошфуко)

- Прави го тоа што со срцето чувствуваш дека е правилно. Така, или инаку ќе те критикуваат. (Еленор Рузвелт)

- Губи оној што знае што ќе направи ако добие. Добива оној што знае што ќе направи доколку изгуби. (Макијавели)

- Добриот почеток е половина свршена работа. (Платон)

- Вистинскиот триумф е да бидеш господар на самиот себе. (Даниел Дефо)

- Што е поважно за успехот – талентот или трудот? А кое тркало е поважно на велосипедот – предното или задното? (Бернард Шо)

- Можат, затоа што мислат дека можат. (Вергилиј)

- Не знам каков е клучот на успехот, но клучот до неуспехот е да се трудиш да им се допаднеш на сите. (Бил Козби)

- Никогаш не заборавај дека твојата сопствена решеност да успееш е поважна од сѐ друго. (Абрахам Линколн)

- Ништо вистински вредно не се раѓа од амбиција или од просто чувство за должност – тоа произлегува од љубов и преданост. (Алберт Ајнштајн)

- Поразот е успех, ако од него извлечеш корист. (Малколм Форбс)

- Успехот не е конечен, неуспехот не е погубен, важна е храброста да продолжуваш напред. (Винстон Черчил)

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg