За секоја потрошена минута во лутина, губите 60 секунди среќа

За животот, луѓето, човечноста и љубовта кон себе и другите честопати се зборува многу. Сепак, понекогаш се потребни само неколку зборови, некоја умна мисла да нè потсети и да ни каже што е вистински добро и значајно.

koga-podzaboravate-na-vistinskite-vrednosti-potsetete-se-sekogas-e-pravo-vreme-za-se-napravi-ona-sto-e-ispravno-01

Забораваме да се почитуваме, забораваме да се сакаме, но во некои моменти застануваме и сфаќаме кои се најважните работи кои треба да нè водат. Токму такви мисли останале да се паметат и повторуваат благодарение на големи умови.

1. Простете им на другите – не затоа што тие заслужуваат простување, туку затоа што вие заслужувате мир.

2. Научив дека луѓето може да заборават што сте кажале и што сте направиле за нив, но никогаш нема да заборават како се чувствувале за вас.

3. Бродот е сигурен на пристаништето, но тој не е направен за да стои сигурно на едно место.

4. Никој во светот не е презафатен. Сè е во тоа кои ви се приоритетите.

5. Никој не може да ве повреди без вашето прифаќање или согласување.

6. Бидете свои. Сите останати се зафатени.

7. Вистина е дека повеќето луѓе ќе ве повредат. Барем одберете ги оние за кои вреди да бидете повредени.

8. За секоја потрошена минута во лутина, губите 60 секунди среќа.

koga-podzaboravate-na-vistinskite-vrednosti-potsetete-se-sekogas-e-pravo-vreme-za-se-napravi-ona-sto-e-ispravno-1

9. Научив дека човекот има право да гледа друг одозгора, само кога му помага да стане

10. Секогаш е право време за да се направи она што е исправно.

11. Ако сè уште не сте го пронашле вистинското нешто, продолжете да барате. Не седете мирни. Кога ќе го пронајдеш, ќе знаеш, ќе почувствуваш.

12. Илјада свеќи може да се запалат од една, а животот на таа свеќа нема да згасне. Среќата никогаш не се намалува кога се дели со другите.

13. Најпоучни ситуации се секојдневните ситуации во животот.

14. Среќни сме тогаш кога од утрешниот ден не очекуваме ништо, а благодарни сме за сè што било во текот на денешниот ден.

15. Ако имате минато од кое не сте задоволни, сега е моментот да го заборавите. Замислите некоја нова приказна за својот живот и поверувајте во неа. Концентрирајте се само на моментите во кои сте успеале да го остварите она што сакате и тоа ќе ви помогне да постигнете сè што сакате.

16. За да верувате во сопствениот пат, не мора да докажувате дека туѓиот е погрешен.

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg