Најдобрите цитати од незаменливата книга „Ана Каренина”

„Сите среќни семејства си прилегаат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин”.

prikaznata-zaradi-koja-go-sfakjame-zivotot-citati-od-nezamenlivata-ana-karenina-1

Еден цел свет е сместен само во тие неколку зборови, а ако одамна сте го заборавиле ремек делото на Толстој, овие неколку цитати ќе ве потсетат на историската книга.

Приказна заради која го сфаќаме животот е токму оваа на Ана Каренина во која се води борбата да се заштити угледот и обидот да се задржи почитта.

1. ”За него сите девојки од светот се делат на два типа: во едниот спаѓаат сите девојки на светот, освен таа и сите тие девојки, ги имаат човековите слабости и се обични девојки; другиот тип на девојки - е само таа, без никаква слабост и над сѐ што е човечко.”

2. „Тие немаат поим што е тоа среќа, тие не знаат дека без оваа љубов за нас нема ниту среќа, ниту несреќа - нема живот...”

3. „Тој долго не можеше ништо да изусти, но не заради стравот дека зборовите ќе ги уништат возвишените чувства, туку затоа што, секој пат кога ќе се обидеше нешто да каже, чувствуваше дека наместо зборови, од неговото срце ќе се излеат солзи радосници.”

4. „Знаеше дека и ја кажал вистината, дека оди таму каде што е таа, дека сета среќа на животот, единствената смисла на животот ја наоѓаше во тоа да ја гледа и да ја слуша.”

5. „...нека биде што ќе биде. Сѐ е подобро од лага и измама.”

6. „Кога Ана ќе се насмевне, нејзината насмевка се префрлуваше и на него. Кога таа ќе се замислеше, тој стануваше сериозен”

7. „Јас ве слушам вас, а мислам на него. Го сакам, јас сум негова љубовница, не можам да издржам, се плашам и ве мразам. Правете со мене што ќе посакате. ”

8. „Љубовта кон жената не можеше да ја замисли без брак, туку прво замислуваше семејство, па дури потоа ја замислуваше жената која ќе му подари семејство.”

9. „Љубомора, по негово мислење, ја навредува жената и во жената мора да се има доверба. ”

Кој е вашиот омилен цитат од оваа книга?

Би можело да ве интересира:

За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg