13 најубави цитати за љубовта

Таа е вечна инспирација за сите композитори, сликари, писатели, уметници... Елан за живот кој може да ги премине сите граници на невозможнотот.

13-najubavi-citati-za-ljubovta-01.jpg

Токму затоа, ги издвојуваме 13-те најубави љубовни цитати:

„Единствено љубовта е вистинска, и единственото нешто што вреди во животот е љубовта.“ -  Џон Ленон

„Љубовта е пријателство кое ја компонира најубавата музика.“ - Џозеф Кемпбел

„Најубавиот подарок кој можеме да го дадеме некому е нашето внимание. Кога оние кои ги сакаме ќе ја почувствуваат нашата љубов, ќе расцветаат во најубавиот цвет.“ - Тик Нат Хан

„Љубовта ги симнува сите маски кои сме ги ставиле од страв, мислејќи дека без нив не можеме да го живееме овој живот.“ - Џејмс Болдвин

„Кога сакаш некој, најмногу се плашиш дека можеби ќе бидеш повреден. И ќе бидеш.“ - Брендон Скот Горел

„Тој не е совршен. Не си ни ти. Ниту вие двајца ќе бидете совршени. Но, ако тој може да те насмее барем еднаш, да те натера да размислуваш барем два пати и ако признае дека е човек кој греши, не го пуштај и дај му сè од себе. Нема да ти рецитира поезија, нема да мисли на тебе во секој момент, но ќе ти даде дел од себе свесен дека ти можеш да го уништиш. Не го повредувај, ниту не го менувај и не очекувај повеќе од она што може да ти даде. Смеј се кога те усреќува, викај му кога те лути и нека ти недостасува кога не е во близина.“ - Боб Марли

13-najubavi-citati-za-ljubovta-02.jpg

„Те сакам без да знам како, ни кога, ни од каде. Те сакам без проблем и гордост, толку те сакам што не знам да сакам поинаку. Те сакам на начин на кој ти не си ти, а јас не сум јас.“ - Пабло Неруда

„Често ми е доволно да бидам само близу до него. Да не се допираме. Ниту да зборуваме. Тишина меѓу нас. Тоа е единственото нешто што ме убедува дека не сум сама.“ - Мерилин Монро

„Мора да ја надминеме страста. Тоа бара доста напор затоа што претставува ремек дело на нашите емоции. Прекрасна хармонија на чувства. Треба да научиме да се сакаме без врзувања... и без временско ограничување.“ - Федерико Фелини

„Не сакам само да ме сака, туку и да ми изјавува љубов.“ - Џорџ Елиот

„Љубовта е глас кој ја навикува секоја тишина. Надеж која го победува секој страв. Сила која е посилна од секоја слабост и вистина која се слуша побрзо од зраците на светлината, а трае подолго од ѕвездената прашина...“ - E. E. Камингс

„Знаете дека сте заљубени во оној момент кога не сакате да потонете во сон, затоа што реалноста е далеку подобра и поубава.“ - Др. Сеус

„Сами се раѓаме, сами сме во текот на животот и умираме сами. Единствено со помош на пријателите и љубовта можеме да создадеме илузија, дека барем на момент не сме сами.“ - Орсон Велс

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg