Толку многу работи има во животот од кои се плашевме. А не требаше...

Мислите за животот, за човекот, судбината... оние кои нè водат, оние кои ги кажуваат вистинските зборови во вистинскиот момент. Нив најдобро ги пренесуваат оние највештите, најумешните кои знаат директно да продрат во сечие срце, сечиј ум.

tolku-mnogu-raboti-ima-vo-zivotot-od-koi-se-plasevme-a-ne-trebase-01

Иво Андриќ е еден од најголемите меѓу нив. Нобеловецот кој остави зад себе вечни дела и мисли кои вреди секојпат да се спомнуваат.

1. „Живееме! Да, господине, но како? Како да сме на некоја голема санта мраз која плови по сив океан, под безимено небо, плови сè побрзо во непознат правец и секој ден е сè потенка и помала“.

2. „Бидете радосни секогаш кога имате можност и кога и да пронајдете сила за тоа во себе. Бидејќи моментите на чиста радост вредат и значат многу повеќе од целиот ден или месец во нашиот живот, поминати во едноминутна игра на нашите ситни и крупни страсти. Нивните последици се чудни и нездрави, нивното задоволување е несигурно и краткотрајно, сами по себе се и цел и поента. Додека, моментот на чиста радост останува засекогаш во нас, како сјај кој ништо не може да го помрачи“.

3. „Не е срамота да се прелажеш со некоја голема надеж. Самиот факт дека таквата надеж можела да постои, вреди повеќе од тоа што е платена со едно разочарување, па колку и да е тешко“.

4. „Чувајте се од оној кој живее во вас и на кого заборавате, а често навечер носи избрзани решенија, поради кои истата ноќ се будите како од удар и облиени од врела пот како растопено олово, пропаѓате од срам поради синоќешните лекомислени одлуки“.

5. „Во внатрешната борба која ја води човекот со себе и со непознатите сили во себе, најмногу важи правилото: Не се предавај никогаш!“

6. „Колку повеќе внимаваше што ќе направи, толку потешко се решаваше да направи нешто воопшто и сè помалку правеше нешто“.

7. „Доблестите на еден човек ги прифаќаме и цениме целосно, само ако ни се претстават во обликот кој им одговара на нашите сфаќања и склоности“.

tolku-mnogu-raboti-ima-vo-zivotot-od-koi-se-plasevme-a-ne-trebase-1

8. „Не е најголема будала оној кој не знае да чита, туку оној кој верува дека сè што ќе прочита е вистина“.

9. „Јас не се плашам од човекот, туку од она нечовечкото во него“.

10. „Дрскоста и упорноста се брат и сестра. Дрските и упорните луѓе никогаш не можат да ги поправат своите маани и слабости, бидејќи тие никогаш не ги почувствувале последиците од своите маани на себе, па не забележуваат дека ги имаат. Од таквите луѓе треба да бегате што подалеку“.

11. „Што вреди да има многу и да биде нешто, кога човекот не може да се ослободи од стравот од сиромаштија, ниските мисли, грубите зборови и несигурните постапки. Кога горката и невидлива беда го следи човекот во чекор, а убавината на подобриот и помирниот живот се провлекува како лажно привидение.

12. „Човекот за да не застане и да не се повлече, постојано се лаже себеси, се затрупува во недовршени задачи и си додава нови кои исто така нема да ги доврши и во новите предизвици и новите напори бара нова сила и повеќе храброст. Така самиот човек си краде од своето време и си станува должник сам на себе“.

13. „За животот треба многу напор, а за секој напор треба многу храброст“.

14. „Толку многу работи има во животот од кои се плашевме. А не требаше. Требаше да живееме“.

15. „Не постои таква способност или добра особина која човекот не би сакал да си ја препише на себе. Само што таа желба е замолчена во нас од контролата на разумот. Но, ограничените и едноставни луѓе не умеат да ја сокријат, туку зборуваат за неа отворено и јавно се посрамотуваат или изгледаат смешно“.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg