10 Инспиративни цитати од најгрдата жена во светот

„Направи им услуга на сите и убиј се” е еден од многуте негативни коментари упатени на изгледот на Лизи Веласкер, девојка родена со редок физички синдром.

10-inspirativni-citati-od-najgrdata-zena-vo-svetot-1

Лизи е една од трите личности на светот кои се болни од редок и неименуван синдром, заради кои таа од својата 17 годишна возраст трпи секакви врсти на малтретирање и навреди.

Оваа девојка активно се појавува на телевизиските екрани, напишала три книги за самопомош, станала мотивациски говорник, а нејзината животна цел е со своите зборови да ги спречи злобните коментари на општеството кои ги повредуваат оние кои се поинакви.

Прочитајте што има да каже најгрдата жена во светот:

1. „Сфатив дека јас не сакам лек за овој синдром. Ако еден ден некој доктор пронајде магична таблета или некој вид операција која ќе ми помогне да качам некој килограм плус, нема да прифатам. Сите маки кои до сега ги имав направија да бидам тоа што сум денес”.

2. „Јас сум човек...секако дека критиките ме болат, но нема да дозволам таквите работи да ме дефинираат.”

3. „Не мора да изгледате како супермодел или филмска ѕвезда за да бидете среќни, успешни или што било друго”.

4. „Кога некој ќе ми даде комплимент за шминката на очите, јас навистина сум возбудена и среќна, бидејќи можам да гледам само со едно око, а тоа значи дека нанесувам шминка буквално на слепо”.

5. „Без разлика каде сте и со кого сте, секогаш бидете тоа што сте. Никогаш не се менувајте со цел да станете популарни или да стекнете пријатели. Влезете во просторијата исполнети со самодоверба и бидете горди на сопствените вредности и својот карактер. Еден ден сѐ ќе си дојде на место на неочекуван начин”.

10-inspirativni-citati-od-najgrdata-zena-vo-svetot-2

6. „Искористете ја негативната енергија во вашиот живот за да бидете подобра личност. Користете ја, бидејќи ви гарантирам дека ќе победите”.

7. „Свесна сум дека кога ќе излезам таму надвор, со доброто доаѓа и лошото”.

8. „Постојат денови кога толку посакувам да и вратам на некоја личност на нејзините зборови. Но, со тоа нема да постигнам ништо. Само ќе паднам на нејзиното ниво и ќе влезам во бескрајна војна. Затоа главата горе и игнорирајте ги сите останати”.

9. „Луѓето секогаш ќе имаат мислење за мене, но јас нема да дозволам тоа да влијае врз мене”.

10. „Најдобриот совет кој некогаш сум го чула е никогаш да не се откажувам. Ми се чини дека тоа е малку клише, но искрено токму таа порака ве води низ животот, ви ја држи надежта будна и ве прави да чувствувате страст за сѐ што правите. Знам, бидејќи сум била на тоа место. Кога темнината ќе дојде, надежта е сѐ што имаме”.

Би можело да ве интересира:

„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
„Ако си премногу фин, само ќе те изедат жив“ - Најпознатите цитати од Златан Ибрахимовиќ „Посакувам секој на овој свет да може да оди до неговиот фрижидер и да избере шт...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Луѓето јадат глина, најголемиот град има популација како цела Македонија: 10 интересни факти за Каза... Казахстанскиот јазик и култура се длабоко вкоренети во идентитетот на земјата, а...
10 факти за Сончевиот систем кои звучат нереално Просечната температура на Тритон – една од месечините на Нептун – изнесува -235 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg