Нема ништо подобро од пријател, освен пријател со чоколадо!

Празниците се совршено време да им кажете на пријателите колку ви значат. Искористете ги овие цитати и разубавете им го денот!

najubavite-citati-za-prijatelstvoto-nema-nisto-podobro-od-prijatel-osven-prijatel-so-cokolado-01.jpg

„Пријателството се раѓа во моментот кога едната личност ќе и каже на другата: Што? Зарем и ти? Мислев дека сум единствен!“ - К. С. Луис

„Попрво би одела со пријател во мрак, отколку сама на светло!“ - Хелен Келер

„Пријателството ве обележува за цел живот, дури подлабоко и од љубовта. Љубовта може да се претвори во опсесија, но пријателството секогаш се дели.“ - Ели Визер

„Пријател е оној кој те познава какво навистина си, разбира низ што си поминал, прифаќа што си станал и сè уште ти дозволува да растеш.“ - Вилијам Шекспир

„Стариот пријател е најдобро огледало.“ - Џорџ Херберт

„Зарем не го уништувам непријателот, во моментот кога го претворам во пријател?“ - Абрахам Линколн

najubavite-citati-za-prijatelstvoto-nema-nisto-podobro-od-prijatel-osven-prijatel-so-cokolado-02.jpg

„Нема ништо подобро од пријател, освен пријател со чоколадо!“ - Линда Грејсон

„Не постои збор за старите пријатели кои повторно се сретнуваат.“ - Џим Хенсон

„Оној кој е пријател со сите, не е пријател со никој.“ - Аристотел

„Вистинските пријатели се како дијаманти - светкави, прекрасни, драгоцени и секогаш во мода.“ - Никол Ричи

„Ги ценам пријателите кои во својот календар наоѓаат време и за мене, но ги негувам само пријателите кои не ни погледнуваат во него.“ - Роберт Браулт

„На крајот нема да ги паметиме зборовите на нашите непријатели, туку молчењето на нашите пријатели.“ - Мартин Лутер Кинг

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg