Најубавите филмски љубовни цитати

Понекогаш само една добра филмска реченица може да нè одведе на незаборавно и носталгично патување со мислите. Колку пати сте се пронашле и препознале во некоја од љубовните сцени на филмовите?

15-najubavi-filmski-ljubovni-citati-01

Одговорот кој често не знаете каде да го најдете за да сфатите што ви се случува или за да се искажете, наеднаш може да го слушнете во само една реченица на некој филм.

Некои од нив се безвремени и посебни, па вреди да се запомнат и да се повторат:

1. „Најдобра љубов е онаа која ни ја буди душата, која нè тера да одиме повисоко, која го разгорува огнот во нашите срца и носи мир во нашите мисли. Тоа е она што се надевам дека ќе можам секогаш да го понудам.“  (Страници на нашата љубов)

2. „Највозбудлива, најпредизвикувачка и најважна врска е онаа која ја имате со самите себе. Ако успеете да најдете некој кој ќе ве сака исто како што вие се сакате себе, тогаш тоа е фантастично.“ (Сексот и Градот)

3. „Најважното нешто кое некогаш ќе го научиш е едноставно да сакаш и да бидеш сакан.“ (Мулен Руж)

4. „Кога ќе сфатите дека со некого сакате да го поминете остатокот од животот, тогаш сакате остатокот од животот да започне колку може побрзо.“ (Кога Хари ја сретна Сали)

5. „Сигурно е дека ќе има тешки времиња. Сигурно порано или подоцна еден од нас или двајцата ќе сакаме да побегнеме. Но, исто така тврдам дека ако не те побарам да бидеш моја, ќе жалам до крајот на животот, бидејќи во срцето знам дека ти си единствена за мене.“ (Невестата бегалка)

15-najubavi-filmski-ljubovni-citati-1.jpg

6. „Кога сакаш некого, го сакаш целосно. Мора да сакаш сè околу него, не само добрите работи, туку и лошите. И оние работи кои се лесни за сакање, но и оние кои не се.“ (Денот на вљубените)

7. „Нашата љубов е како ветер – не можеш да ја видиш, но можеш да ја почувствуваш.“ (Чекори на сеќавање)

8. „О, да, минатото понекогаш боли. Од него можеш да бегаш или да учиш.“ (Кралот лав)

9. „Не знам дали животот е поголем од смртта, но знам дека љубовта е поголема од двете нешта.“ (Тристан и Изолда)

10. „Сретнуваш илјадници луѓе и никој од нив не те допира. И тогаш запознаваш една личност и твојот живот е променет засекогаш.“ (Љубов и останати дроги)

15-najubavi-filmski-ljubovni-citati-2.jpg

11. „Вистинската загуба можеш да ја почувствуваш само кога некого сакаш повеќе од себе.“ (Добриот Вил Хантинг)

12. „Имав секакви мисли за него со кои не знаев што да правам, а тој сите наеднаш ги прочита. Се пронајдов како сосема друга жена, но некако бев своја повеќе од кога било.“ (Мостовите на Медисон)

13. „Јас? Јас се плашам од она што сум го видела, што сум направила и од она што сум. А најмногу од сè, се плашам дека ќе излезам од оваа соба и дека веќе никогаш во животот нема да го чувствувам она што го чувствувам кон тебе.“ (Валкан танц)

14. „Постојат само 4 најважни правила во животот: Што е свето? Од што е направен духот? За што вреди да се живее? За што вреди да се умре? И на сите 4 прашања, одговорот е ист: Љубовта!“ (Дон Жуан де Марко)

15. „Го мразам начинот на кој разговараш со мене и како си ја местиш фризурата. Ги мразам твоите чевли и начинот на кои ми ги читаш мислите. Мразам што си секогаш во право. Мразам кога ме тераш да се смеам, исто како што ме тераш да плачам. Мразам кога не си покрај мене и кога не ми се јавуваш. Но, најмногу го мразам тоа што не те мразам. Ни малку, воопшто...“ (10 причини заради кои те мразам)

15-najubavi-filmski-ljubovni-citati-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg