Брилијантниот ум Стивен Хокинг: „Животот би бил трагичен, ако не е комичен“

Тој е еден од ретките генијални умови на денешницата, кој веќе 50 години докажува дека може да ја надмине медицината, која му предвидуваше само уште 2 години живот по откриената болест.

brilijantniot-um-stiven-hoking-zivotot-bi-bil-tragicen-ako-ne-e-komicen-01

Телото му е речиси нефункционално, но мозокот му е брилијантен. Стивен Хокинг е астрофизичар кој ја проучува Вселената и особено се занимава со феноменот на црните дупки, но полн е со животни мудрости кои вреди да бидат запаметени.

1. Запомнете дека треба да гледате кон ѕвездите, а не во стапалата . Обидете се да го разберете она што го гледате и причината за постоење на Вселената.

2. Бидете љубопитни и колку и да ви се чини нешто тешко во животот, знајте дека секогаш постои нешто што можете да направите за да успеете. Важно е да не се откажувате.

3. Не е потребно да го барате Бог за да запали искра и да го придвижи Универзумот.

5. Луѓето нема да преживеат ни во наредните 1000 години, ако не побегнат од нашата кревка планета.

6. Ако сфатите како функционира Космосот, на некој начин може да го контролирате.

7. Луѓето кои се фалат со својата интелигенција се губитници.

8. Сум забележал дека дури и луѓето кои мислат дека сè е предодредено и дека ништо не може да се случи за да се промени тоа,погледнуваат околу себе кога преминуваат улица.

9. Најголемиот непријател на знаењето не е незнаењето, туку илузијата за знаење.

10. Интелигенцијата е способност за приспособување на промените.

11. Луѓето нема да имаат време за тебе, ако постојано се жалиш и лутиш.

12. Не треба да се лутите кога ќе запрете на некој проблем. Она што треба да направите е да продолжите со мислите за проблемот додека работите на нешто друго, додека не го најдете вистинското решение.

13. Жени. Тие се вечна инспирација

14. Животот би бил трагичен, ако не е комичен.

15. Спонтаните случувања се причина што некои нешта повеќе постојат отколку што не постојат.

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg