10 факти за Мистер Бин кои ретко кој ги знае

Ликот на вечно неразбраниот Мистер Бин и ден денес засмејува милиони лица ширум светот, иако серијата започна со емитување уште пред 25 години.

10-fakti-za-mister-bin-koi-ne-gi-znaat-bas-site-01.jpg

Иако мислите дека ја знаете секоја епизода, веројатно овие 10 факти ви се помалку познати.

1. Роан Еткинсон започнал да работи на ликот на Мистер Бин додека ги завршувал мастер студиите на електротехничкиот оддел на Оксфорд. Прв пат се претставил со овој лик во 1979 година.

2. Повеќе од 100 авиокомпании го користеле ликот на Мистер Бин како реклама за авионите и летовите.

3. ТВ серијата започна со прикажување во 1990 година, а ја осмислија Еткинсон и Ричард Куртис, кои подоцна ги напишаа комедиите „Four Weddings and a Funeral“ и „Love Actually“.

4. До сега се продадени 35 милиони ДВД снимки од серијата. Мистер Бин има повеќе од 1,3 милијарди прегледи на YouTube и околу 64.5 милиони фанови на Фејсбук.

5. Презимето Бин (Bean - грав на англиски) е смислено дури во 1989 година. Пред тоа Еткинсон и Куртис размислувале за многу други зеленчуци како презиме.

10-fakti-za-mister-bin-koi-ne-gi-znaat-bas-site-02.jpg

6. Мистер Бин всушност нема име.

7. Иако го знаеме како самец, Мистер Бин има девојка Ирма Гоб која се појавува во вкупно 3 епизоди.

8. Никој никогаш не го разбра односот со неговиот најдобар пријател - мечето Тед. Дури ни самиот тој нема одговор на прашањето зошто од една страна му купува подароци за Божиќ и се труди да не го разбуди додека спие, а од друга страна, го користи како четка за кречење.

9. Вториот најдобар пријател на Мистер Бин е Мини автомобилот, кој за потребите на снимањето бил 2 пати уништен.

10. Во последните неколку години, во одредени земји во светот сè уште редовно се емитува серијата Мистер Бин.

За поубав и посмешен ден, бонус епизода:

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg