19 факти за соновите кои не сте ги знаеле

Не постои човек кој не се запрашал зошто сонува, што значат неговите соништа, колку време сонува, што се случува со неговото тело додека сонува...

19-sokantni-fakti-za-sonistata-koi-ne-ste-gi-znaele-1

 Овие 19 факти можеби ќе одговорат на некои од вашите прашања, а воедно и ќе ве шокираат.

- Слепите луѓе сонуваат, оние што го изгубиле видот после раѓање сонуваат слики, но останатите кои се родиле слепи, сонуваат звуци, емоции, допири...

- Луѓето ги забораваат 90% од соништата 5 минути после будењето, посебно доколку се движат.

- Според експеримент докажано е дека луѓето кои три дена по ред биле разбудени веднаш после заспивањето, добивале психоза.

- Не секој сонува во боја, 12% од луѓето сонуваат црно - бели соништа.

- Луѓето кои се во фаза на откажување на цигари, алкохол или дрога сонуваат соништа кои не можат да ги разликуваат од реалноста кога ќе се разбудат.

- Сите сме парализирани додека сонуваме, а тоа е така бидејќи умот го контролира телото да не ги прави акциите кои ги сонува мозокот.

- Кога човек `рчи, бидете сигурни дека не сонува ништо.

- Месечарењето е оправдана причина за убиство според законот.

- Иако сонуваме, постојат сонови во кои може да бидеме свесни дека сонуваме и повторно да не се разбудиме, тие се викаат луцидни сонови.

- Жените сонуваат повеќе секс, отколку мажите иако сите се убедени во спротивното.

- Жените освен што сонуваат повеќе секс, исто така се повеќе подложни на кошмари од мажите.

- Според Фројд причината поради која сонуваме нешто е нашата потсвесна желба за она што го сонуваме.

- Просечен човек има околу 1.460 соништа годишно, а тоа се по 4 сонови во една вечер.

- Кога човекот е во РЕМ фаза, дотокот на крв во мозокот се покачува како и температурата на телото, поради тоа мажите имаат ерекција во сонот, а жените надразнет клиторис.

- Кога сонуваме нечиста вода, најчесто означува дека претчувствуваме како нашето тело станува подложно на некоја болест.

- Соништата во кои летаме се појавиле пред да се измисли самото летање со превозни средства.

- Повеќето од луѓето половина од својот живот го поминале во спиење.

- Сите сонуваме во просек 90 минути од тие 8 часа спиење, а најкраткото сонување трае од 30 – 45 минути.

- Животните сонуваат на ист начин како луѓето.

Би можело да ве интересира:

8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg