Инспиративни цитати: Зошто треба помалку да ги слушате другите, а повеќе себе?

Во постојаната потрага по себеси, во докажувањето и постигнувањето на некои цели за кои ќе добиеме признание и поддршка, често се губиме во лавиринтот на докажување.

inspirativni-citati-zosto-treba-pomalku-da-gi-slusate-drugite-a-poveke-sebe-01.jpg

Се трудиме да се вклопиме, да се допаднеме некому, да разубедиме или да промениме нечие мислење.

Во таа борба најчесто единствените губитници сме самите ние. Најважно е да го живееме животот кој нас нè прави среќни без разлика што ќе кажат другите за тоа.

Самодовербата е најголемо богатство кое тешко се стекнува и мора да се чува.

1. Очите на другите се наш затвор, а нивните мисли се наши кафези (Вирџинија Вулф)

2. Не си задолжен за да ги исполнуваш туѓите очекувања кога се работи за твојот начин на живот. Јас немам обврска да живеам како што другите очекуваат. Нивната грешка е во тоа што го очекувале, а не е моја затоа што не сум им ги исполнил очекувањата. (Ричард Фaјман)

3. Ако нешто ме прави егоистичен тоа е затоа што верувам во она што го работам и во својата уметност или музика, а другите слободно нека ме наречат како сакаат. Верувам во тоа што го работам и секогаш ќе стојам зад тоа. (Џон Ленон)

4. Не ми е толку важно како ме гледаат другите колку што ми е важно како се гледам јас. (Мишел де Монтeњ)

5. Биди она што си и секогаш кажувај како се чувствуваш, бидејќи оние кои нема да ти замерат се оние кои треба да ти бидат важни, останатите се тотално небитни. (Д-р Сеус)

6. Сомнежот убил многу повеќе соништа отколку што поразот некогаш би уништил. (Сузи Касем)

7. Повеќето луѓе се претставуваат како некои други. Нивните мислења се туѓи мислења, нивните животи се мимикрија, а нивните страсти се само туѓи цитати. (Оскар Вајлд)

8. Твоето време е ограничено затоа немој да го поминуваш живеејќи туѓ живот. (Стив Џобс)

9. Некои луѓе се обидуваат да те убедат дека одиш по погрешен пат секогаш кога ќе тргнеш по својот пат. (Анџелина Џоли)

10. Не ме интересира што мислиш. Всушност, не ме интересираш воопшто. (Коко Шанел)

inspirativni-citati-zosto-treba-pomalku-da-gi-slusate-drugite-a-poveke-sebe-1.jpg

11. Ги оставам луѓето да мислат она што сакаат да веруваат. Ако толку им е грижа за тоа што правам, тоа значи дека веќе сум подобра од нив. (Мерилин Монро)

12. Сакам да бидам опкружена со луѓе кои работат нешто во својот живот, а не со оние кои само зборуваат за другите и ги осудуваат. Сакам околу себе да имам луѓе кои сонуваат и даваат поддршка. (Ејми Фелер)

13. Не би се грижеле толку за тоа што мислат луѓето за тебе кога би знаел колку всушност ретко размислуваат за тебе.(Олин Милер)

14. Нема ништо попривлечно од жена со самодоверба. Кога еднаш сама ќе сфати колку е убава, сите ќе го сфатат тоа. (Хабиб Аканде)

15. Луѓето кои постојано негативно влијаат на твојата самодоверба се свесни за твојот потенцијал дури и кога ти не си. (Вејн Жерард Тротман)

16. Постои само еден начин за да ги избегнеш критиките, а тоа е да не работиш ништо, да не зборуваш ништо и немој да бидеш ништо. (Аристотел)

17. Ако се грижиш за она што го мислат другите за тебе, засекогаш ќе бидеш нивен роб. (Лао Це)

18. Не ја трошете својата енергија трудејќи се да се објасните некому или да му го промените мислењето. Правете го она што сакате и кога ќе успеете во тоа нивното мислење ќе се промени или нема. Не е важно. Правете го она што сакате и не мислете за тоа дали ќе се допаднете некому или не. (Тина Феј)

19. Стравот кој дозволувате да се создаде во вашиот ум е полош од ситуацијата која всушност реално постои. (Спенсер Џонсон)

20. Егото не е она што вистински сте. Егото е слика за себеси, општествена маска, улогата која ја играте. (Дипак Чопра)

inspirativni-citati-zosto-treba-pomalku-da-gi-slusate-drugite-a-poveke-sebe-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg