Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


20 неверојатни факти за нашиот мозок

Човековиот мозок претставува вистинско чудо на природата кое дури и оние кои се занимаваат со вештачка интелигенција и неврологија сè уште не можат да го проучат целосно, а и признаваат дека ќе им биде потребно многу време пред целосно да го запознаат.

20-neverojatni-fakti-za-nashiot-mozok.jpeg

Еве неколку интересни факти за нашиот неверојатен мозок:

1. Иако тој е само 2% од целокупната телесна тежина, мозокот користи околу 20% од кислородот во нашата крв и околу 25% од глукозата која циркулира во крвототкот.

2. Во мозокот има околу 100 милијарди неврони, но тие се составен дел на само 10% од мозокот. Околу 75% од мозокот е вода.

3. Вашиот мозок способен е да има повеќе идеи одошто има атоми во вселената.

4. Мозокот произведува доволно струја за да напои сијалица од 10 до 23W.

5. Просечниот мозок на возрасен човек тежи од 1.3 до 1.4kg. Големината и тежината немаат никаква врска со коефициентот на интелигенција.

6. Кога прекинува протокот на крв во мозокот, свеста се губи за 8 до 10 секунди, а без кислород може да опстане 4 до 6 минути.

7. Мозокот на новороденото бебе се удвојува во големина за само 1 година.

8. Истражувањата покажуваат дека 50 – 70% физичките болести за кои одиме на лекар се предизвикани само од мозокот и ништо друго.

9. Кога имате главоболка, не ве боли мозокот, бидејќи овој орган нема рецептори за болка и не може да ја почувствува.

10. Мозокот е најактивен додека спиете. Личностите со повисок коефициент на интелигенција сонуваат повеќе и докажано е дека личностите кои практикуваат попладневни дремки имаат поголема количина на енергија и подобро се фокусирани.

20-neverojatni-fakti-za-nashiot-mozok-1.jpg

11. Многу истражувања покажуваат дека мозокот без проблем може да создаде лажни сеќавања кои всушност никогаш не се случиле.

12. Смеењето активира 5 различни делови од мозокот.

13. Левата страна на мозокот ја контролира десната страна на телото и обратно, десната страна на мозокот ја контролира левата страна на телото.

14. Ако е здрав, вашиот мозок никогаш не ја губи способноста за учење.

15. Истражувањата покажуваат дека хипокампусот, делот од мозокот кој е задолжен за визуелна ориентација, е далеку поголем кај лондонските таксисти одошто кај обичните луѓе. Тоа е така затоа што, лондонските таксисти поминуваат години во учење на секоја улица во Лондон пред да добијат лиценца.

16. Во мозокот се наоѓаат вид на неврони кои се именувани како „неврони огледала“, бидејќи тие буквално ги копираат активностите околу нас. Токму поради нив зеваме кога некој друг во просторот зева.

17. Дрогата како што е кокаинот ги активира центрите за задоволство во мозокот и предизвикува ослободување на допаминот и ве прави посреќни.

18. Секојпат кога ќе се сетите на нешто или имате нова мисла, во вашиот мозок се создава нова врска меѓу невроните.

19. Мозокот на слонот е најголем, но зафаќа само 0.15% од севкупната телесна тежина на слонот, а кај човекот 2% од севкупната тежина. Токму затоа, човековиот мозок е најголем.

20. Бројни истражувања покажуваат дека читањето на глас и честото разговарање придонесуваат за развој на мозокот.

Би можело да ве интересира:

Инспиративната приказна на основачот на IKEA: Продавал кибрит и пенкала, па станал најбогатиот Швеѓа... Може да се каже дека основачот на IKEA, Ингвар Кампрад, ја почнал бизнис кариера...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Бил доставувач на пица, сака уште тетоважи на лицето - Кој е Теди Свимс, новата светска музичка ѕвез... Можеби името Теди Свимс не ви е познато, но сигурно сте слушнале барем еден од н...
Забранети се големи роденденски забави – Факти за Таџикистан, една од најсиромашните земји во светот Во Таџикистан е забрането славење роденден со голема забава надвор од домот. Ист...
Психолошки факти кои ќе ви разјаснат многу работи за нашето однесување Знаевте ли дека кога зборуваме странски јазик, настојуваме да си го менуваме кар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg