Мораме да се обидеме повторно да ги вратиме во мода чувствата: Лејди Гага за емоциите

Универзитетот Јеил неодамна бил домаќин на предавањето од еден сосема невообичаен предавач: Лејди Гага.

lejdi-gaga-za-emociite-01.jpg

Во партнерство со фондацијата „Born This Way“ и Центарот за емоционална интелигенција на Јеил, Лејди Гага зборува пред повеќе од 200 средношколци и професори на отворањето на самитот наречен „Емоционална револуција“.

Целодневниот настан бил посветен на разговори за тоа како да се подобрат училиштата и образовното искуство со што ќе се овозможи шанса за напредок кај сите ученици.

Познатата пејачка зборува за важната улога која емоционалната интелигенција ја има во нејзиниот личен и професионален живот.

Ова се нејзините најдобри изјави:

1. „Се измислив себеси, Лејди Гага, осмислив живот кој претставува израз на мојата болка. Тоа е начинот на кој ја надминувам мојата депресија. Создавајќи некој кој чувствувам дека е посилен од мене. Но, кога веќе поминав низ сите тие најразлични промени, кога мојата кариера тргна во нагорна линија, се чувствував повторно осамена... ништо не можеше да ги поправи работите кои моите гени ги содржеа во себе. Јас едноставно сум родена вака“.

2. „Без оглед колку сте успешни, без оглед колку можности, слава, среќа поседувате, без оглед колку луѓе ве прифаќаат онакви какви што сте, личноста која е најважно да го прифати сето тоа сте вие“.

3. „Сфатив дека кажувањето „не“ за работите кои не сакам да ги правам е дел од мојот идентитет. Ваше е правото да изберете што сакате да правите, а што не. Ваше е правото да изберете во што ќе верувате, а во што не. Ваше е правото да го осмислите вашиот живот и вашата иднина“.

4. „Нашите емоции се ставени во некакви рамки со толку голем товар врз нив, што се чини погрешно е да имате какви било чувства. Мораме да се обидеме повторно да ги вратиме во мода чувствата“.

5. „Морате да бидете бунтовници. Морате да бидете спротивност на состојбата status quo. Мора да работите против неа. Не станува збор само за реакција. Потребно е да бидеме проактивни во нашето движење кон позитивноста.“

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...
Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк... Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg