10 работи за Барби кои сигурно не сте ги знаеле

Една од омилените ирачки од детството на секое девојче е секако куклата Барби. И покрај тоа што со неа сме поминале огромен дел од нашето време, сепак постојат работи за кои никогаш не сме помислиле.

10-raboti-za-barbi-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-01.jpg

Сите го знаеме нејзиното момче Кен, но го знаете ли нејзиното презиме, што сè работела, дали е сè уште заедно со Кен?

Ова се само дел од работите за кој веруваме дека не сте знаеле:

1. Кое е презимето на Барби?

За првпат е претставена пред светот на Саемот за играчки во Њујорк како Барби Милисент Робертс од Виловс, Висконсин.


2. Дали сè уште се заедно со Кен?

Иако сите знаеме за нејзиното момче Кен, вистината е тие двајцата се разделија во 2004 година, период на турбуленции и раскинувања во светот на познатите, кога нивното раскинување го фрли во сенка дури и прекинот на врската на Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс.

Сепак, Барби и Кен останаа пријатели, но само пријатели, иако може да им се верува на озборувањата тој сè уште не се откажал целосно од идејата за повторна обнова на врската.

10-raboti-za-barbi-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-1.jpg

3. Која е нејзината најдобра пријателка?

Најдобрата пријателка на Барби уште од 1963 година е Мидге. Барби дури била еден од сведоците на нејзината свадба со нејзиниот сегашен сопруг Алан во 1991 година.

Кругот на пријателки на Барби секогаш ја почитувал различноста на светот.

Во 1968 се појавува нејзината пријателката Чарли, афроамериканка, за понатаму низ годините друштвото да се прошири со пријателки од шпанско и азиско потекло како Тереза, Кира и Кајла.

Барби имаше дури и инвалидизирана пријателка, Беки.


4. Дали Барби има браќа и сестри?

Да, Барби има 5 помлади сестри и тоа Скипер (1964), Тути (1966), Стејси (1992), Шели (1995) и Криси (1999) и еден брат, Тод (1966).


5. Како се вика мајката на Барби?

Рут и Елиот Хандлер ја основаат Mattel Creations во 1945 година, а 14 години подоцна Рут му ја подарува на светот првата Барби.

Кога Рут била запрашана за нејзиниот однос со Барби таа кратко одговорила „Јас сум мајката на Барби“. Инспирацијата за создавање на Барби, Рут ја добила гледајќи ја својата ќерка Барбара како си игра со хартиени кукли, додека Кен е всушност името на нивниот син.


6. Кога Барби освоила олимписки медал?

Во 1975 година таа освојува златен олимписки медал во дисциплините гимнастика, уметничко лизгање и скијање, една година пред историскиот триумф на Дороти Хамил која го освои златниот медал во уметничко лизгање.

Во 1998 година Барби настапува во женската НБА лига, а се појавува и како возач во NASCAR, десет години пред историската победа на Даника Патрик на патеката во Индијанаполис во 2008 година.


7. Што сè работела Барби?

Нејзиното CV е навистина импресивно: 1961 година – стјуардеса за Американ Ерлајнс, 1961 година – копилот за Американ Ерлајнс, 1965 година – астронаут, 1973 година – хирург, 1976 година – олимписка атлетичарка, 1998 година – кошаркарка во WNBA, 2000 година – кандидат за претседател, 2001 година – принцеза, 2005 година – победничка на Америкнски идол, 2008 година – ТВ готвач, 2009 година – инструктор на Seaworld.


8. Која е омилената сенка на Барби?

На создавањето нов лик на Барби работат околу 15 луѓе: уметници со четки кои користат акрилни бои засновани на вода.

Состаноците на кои се одлучува за шминката, со цел наоѓање на правата нијанса на лицето може да траат и до три часа. И покрај шарените нијанси користени за шминка, лицето на Барби секогаш останува кафеаво.

Нејзината палета на сенки содржи 300 најразлични нијанси.


9. Кој го осмислува изгледот на Барби?

Зад изгледот на Барби стои група од околу 100 луѓе која вклучува: дизајнер, кројач, креатори, стилисти само за создавање на еден изглед на Барби.

Од 1959 година до денес бројот на изработени фустани на Барби и нејзините пријателки изнесува 1 милијарда.

За сите тие фустани искористени се 980 милиони метри ткаенина, правејќи го Mattel еден од најголемите производители на облека во светот.

До денес 70 познати стилисти се погрижиле за изгледот на Барби.


10. Која е најпродаваната Барби кукла?

Најпродаваната Барби кукла е позната како Totally Hair Barbie изработена во 1992 година, со коса која достигнува до самите стапала. Цената на оригиналната Барби од 1959 година изнесува околу 27.450 илјади долари. Спротивно на тоа, кога истата се појавила на пазарот чинела само 3 долари. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја изневерувал со мажи, се предозирала: Трагичниот живот на принцезата Маргарет, сестрата н... Не ѝ дозволиле да се венча со љубовта на нејзиниот живот, сопругот ја изневерува...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Двапати имаше рак на дојка, беше во брак со нејзиниот телохранител: Факти за пејачката Анастасија И покрај бројните проблеми со здравјето, како Кроновата болест и двете дијагнози...
Детали од животот на Пауло Коелјо: Родителите го сместиле во институција за душевно болни затоа што ... На 17 години родителите го однеле во институција за душевно болни затоа што сака...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Факти за Деми Ловато - се прогласи за небинарен род, „зборува“ со вонземјани Деми Ловато почнала да користи дрога и алкохол поради притисок од пријателка кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg