Напишете ја вашата приказна како што треба да биде напишана, пишувајте искрено и најдобро што можете

Нил Гејман е англиски автор на кратки раскази, романи, стрипови и графички новели. Неговите најзначајни дела се стрип серијалот „Sandman“ и романите Ѕвездениот прав, Американските богови и Керолајн.

Najubavite-citati-na-nil-gejman

Ова се едни од најубавите цитати на Нил Гејман:

1. „Се надевам дека во годинава која треба да дојде ќе правиш грешки, бидејќи ако правиш грешки создаваш нови работи, пробуваш нови нешта, учиш, живееш, се туркаш себеси, се менуваш себеси и својот свет. Правиш работи кои не си ги правел порано, а што е уште поважно, правиш нешто“.

2. „Напишете ја вашата приказна како што треба да биде напишана. Пишувајте искрено и најдобро што можете. Не постојат други правила кои се поважни“.

3. „Дали некогаш сте биле вљубени? Грозно е, зарем не? Тоа ве прави толку ранливи. Ви ги отвора градите и ви го отвора срцето што значи дека некој може да влезе внатре и да ви се плетка“.

4. „Луѓето ги носат световите во себе“.

5. „Животот секогаш ќе биде повеќе чуден од фикцијата, бидејќи фантастиката мора да биде убедлива, а животот не мора“.

6. „Расказите се мали прозорци во други светови и други умови и соништа. Овие патувања можат да  ве однесат до најдалечните страни на универзумот и сè уште ќе имате време да се вратите дома за вечера“.

7. „Имагинацијата е мускул. Ако не се вежба атрофира“.

8. „Едно нешто кое го имаш само ти си ти. Твојот глас, твојот ум, твојата, твојата визија. Затоа пишувај и цртај, гради и играј си и танцувај - и живеј како што само ти можеш“.

9. „Добиваме идеи од мечтаење. Добиваме идеи бидејќи ни е здодевно. Добиваме идеи цело време. Единствената разлика помеѓу писателите и другите луѓе е што писателите забележуваат кога го прават тоа“.

10. „Работите не треба да се случат за да бидат вистинити. Приказните и авантурите се сенки на вистини кои ќе опстанат кога фактите ќе бидат прав, пепел и заборав“.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

100.000 девојки се пријавиле на аудиција за Katseye, од 6 избрани една ги напушти - Која е светската... Сигурно барем еднаш сте ја слушнале „заразната“ песна (Hands off) Gabriela. Но, ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...
Гласини за тајна свадба со Марко Ѓоковиќ - Која е мистериозната Бразилка што го освои братот на Нова... За разлика од Новак, кој е постојано во центарот на вниманието, и од помалиот бр...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава