Мала лекција од Пауло Коелјо: Како да воспоставите контрола над сопствениот живот

„Вие сте единствената вистински среќна личност која ја познавам“ - му рекол еден човек на Вилијам Џејмс, американскиот филозоф и психолог.

mala-lekcija-od-paolo-koeljo-kako-da-vospostavite-kontrola-nad-sopstveniot-zivot-01.jpg

„Секогаш имате насмевка на лицето, дури и тогаш кога се соочувате со тешкотии“ - додал.

„Не се смеам затоа што сум среќен, среќен сум затоа што се смеам“ - одговорил Џејмс.

Ова е една од омилени кратки анегдоти на Пауло Коелјо која во само неколку реченички ни покажува што значи да се биде среќен според познатиот филозоф.

Џејмс верувал дека среќата мотивира и претставува клуч на човечката еволуција.

10 моќни цитати на Вилијам Џејмс кои ќе ве натераат да преземете контрола над сопствениот живот и да бидете посреќни:

1. „Песимизмот води кон слабост, оптимизмот ни дава моќ“.

2. „Најмоќното оружје против стресот е нашата способност да одбереме една мисла, а да отфрлиме друга“.

3. „Однесувајте се на тој начин како вашето однесување да може да промени сè, бидејќи може“.

4. „Здравиот разум и смислата за хумор се една иста работа, само се движат со различна брзина. Смислата за хумор, всушност претставува здрав разум кој танцува“.

5. „Најголемото откритие на мојата генерација е дека човекот може да го промени својот живот, менувајќи го своето однесување“.

6. „Бидете подготвени да прифатите сè. Прифаќањето на она што ви се случило е прв чекор во соочувањето со последиците на било која несреќа“.

7. „Секој ден правете по една работа која со задоволство би ја избегнале. Благодарение на тоа ќе бидете подготвени да го издржите притисокот кога ќе ви се случи нешто што не го посакувате“.

8. „Токму нашиот однос на самиот почеток на некоја тешка задача одредува, повеќе од било што друго, успешен исход“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...
8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Новогодишни пораки кои може да ги испратите на блиските за 2026-та година Доколку сакате готови пораки за честитање Нова година, имаме неколку предлози ко...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg