10 правила и цитати од жената која живееше најдолго во светот

Жан Луис Калмент досега е човекот со најдолг животен век. Таа живееше точно 122 години и 164 дена, а со тоа може да се каже дека е пример по кој треба да се водиме, ако сакаме да живееме подолго.

10-pravila-i-citati-od-zenata-koja-ziveeshe-najdolgo-vo-svetot-01.jpg

Родена е во Арл, Франција на 21-ви февруари 1875-та година. Кога се градела Ајфеловата кула таа имала 14 години.

Во тој период го запознала и Винсент ван Гог за кого, во интервју направено во 1988-та година, рекла дека е „валкан, лошо облечен и неподнослив човек“.

Кога наполнила 85 години започнала да се занимава со мечување и сè уште го возела својот велосипед. Кога имала 114 години таа снимила филм за нејзиниот живот.

На 117 години се откажала од пушењето (започнала да пуши на 21 година во 1986-та година). Изјавила дека не се откажува од пушењето поради здравствени причини, туку поради тоа што не сака секојпат некого да моли за да ѝ запали цигара (видот почнал да и слабее).

Во 1965-та година, кога Жан имала 90 години, потпишала договор со 47-годишниот адвокат Адре-Франсоа Рефреј. Тој се согласил секој месец да ѝ плаќа месечна сума од 2.500 франци за да го наследи нејзиниот стан.

Но, не само што не го наследил нејзиниот стан, туку и починал пред неа на 77 години. За станот ѝ плаќал цели 30 години.

На нејзиниот 120-ти роденден ја прашале каква иднина очекува, а таа одговорила дека „очекува да живее уште малку“.

Неколку цитати и правила за живеење од Жан Луис Калмент:

1. „Важно е да се чувствувате млади, не е важно како изгледате. Јас всушност сè уште сум многу млада девојка иако не изгледам многу добро последниве 70 години.“

2. „Имам само една брчка и на неа седам моментално.“

3. „Сите бебиња се убави.“

4. „Бог ме заборави.“

5. „Заљубена сум во виното.“

6. „Смејте се без разлика на сè. Само така можам да го објаснам мојот долг живот.“

7. „Ако не можете да промените нешто, не се грижете за истото.“

8. „Имам силна желба да живеам и голем апетит, посебно за благо.“

9. „Никогаш не носам маскара и многу често се смеам до солзи.“

10. „Не гледам добро, не слушам добро и се чувствувам лошо, но сè е во ред.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк... Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg