10 работи за кои ќе зажалите 10 години подоцна

„Камо да не го направев тоа“, ова се зборовите кои сите сме си ги кажале барем еднаш во животот. Сите ние постојано се соочуваме со донесување одлуки и правење избори кои порано или подоцна се покажуваат како точни или сосема погрешни.

10-raboti-za-koi-kje-zazalite-po-10-godini-01.jpg

Ние направивме листа на која се наведени 10 погрешни избори за кои сите се каеме 10 години подоцна:

1. Носење маска за да ги импресионирате другите

Доколку лицето кое го имате на себе секогаш е маска, ќе дојде ден кога нема да остане ништо од личноста зад неа.

Поминувајќи премногу време во концентрирање на тоа што другите сакаат да го видат кај вас, еден ден ќе се изгубите себеси и она што вие го сакате.

Не мора да бидете совршен/а за да ги импресионирате или инспирирате луѓето, напротив инспирирајте ги со начинот на кој се справувате со вашите несовршености.


2. Дозволување некој друг да ги создава вашите соништа

Најголемиот предизвик во животот е да откриете кои сте, а вториот да бидете задоволни од тоа што сте. Вашите соништа се само ваши и токму тие се патеката која ве води низ животот.

Постојат луѓе околу вас кои не се согласуваат со тоа? Во ред, тоа значи дека вие сте на својот пат и никој нема право да ви каже како треба да го изодите.


3. Дружење со негативни луѓе

Не дозволувајте некој кој има лошо расположение да ви го пренесе и вас. Секогаш сетете се дека дружењето со негативни луѓе е избор, а не обврска па опкружете се со луѓе кои се насмеани, весели и оптимистични.


4. Тоа што сте себични и егоистични

Добриот карактер е основа за среќен и исполнет живот. Оние кои се инспирирани од вас и со кои ја делите љубовта ќе се сеќаваат како сте направиле да се чувствуваат долго откако тоа завршило.

Затоа погрижете се вашето име да остане запишано во нивните срца, а не само во телефонскиот именик. Она што сте го направиле за вас умира заедно со вас, но она што сте го направиле за другите живее засекогаш.


5. Избегнување на промени и растење

Ако сакате да го видите вашето минато погледнете каде сте сега. Ако сакате да ја видите вашата иднина погледнете што правите сега.

За да добиете нешто ново мора да се откажете од нешто и да пуштите тоа да замине заедно со минатото. Само на тој начин ќе пораснете и созреете, како физички така и духовно.


6. Откажување кога нештата станале тешки

Некој некогаш рекол „Не постојат неуспеси, постојат само лекции“. Ако работите не се одвиваат онака како што сте замислиле не значи дека треба да се откажете, туку само дека треба да размислите дали ги правите на вистинскиот начин.

Оние кои се упорни и истрајни на крајот сепак ќе победат. Сетете се дека некогаш треба да ја изгубите битката за да ја добиете војната.


7. Обидување да ги држите сите конци во рацете

Сите на моменти ја имаме таа желба за контрола врз сè што ни се случува во животот но сепак треба да сфатиме дека тоа е невозможно.

Затоа кога се чувствувате напнато дишете длабоко, опуштете се и откако ќе се смирите размислете како да го остварите тоа што сте го замислиле. Не секогаш ќе знаете каде одите, но тоа не значи дека нема да стигнете на прекрасно место.


8. Прифаќање на помалку од тоа што заслужувате

Бидете доволно силни да ги пуштите работите кои не вредат и доволно мудри да го чекате тоа коешто го заслужувате. Некогаш треба да допрете до самото дно за да сфатите колку вредите и да се издигнете повисоко од кога било претходно.


9. Оставање на работите за утре

Проблемот е што секогаш мислите дека имате време, а всушност работите се сосема спротивни. Оставате сè за утре, а еден ден се будите и сфаќате дека веќе не можете да го остварите тоа што го сакате, бидејќи постојано сте го одложувале за некое утре.


10. Тоа што сте мрзливи и неодлучни

Светот не ви должи ништо, вие сте тие кои му должите на светот. Затоа престанете да сонувате со отворени очи и почнете да дејствувате.

Вие сте важен дел од светот и некому сте очајно потребни. Не чекајте некој друг да дојде и да го изоди вашиот пат или да ги направи работите за вас.

Кога ќе почувствувате дека сте на вистинскиот пат или дека до себе ја имате вистинската личност воопшто не колебајте се и послушајте го срцето.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Факти за Бенхамин Рохас: Беше во врска со Марица од „Млади бунтовници“, сакал да биде рагбист Низ годините, актерот имал неколку врски. Додека се емитуваше серијата Млади бун...
11 цитати во кои ќе се пронајдат сите жени „шопингхоличарки“ „Би сакала моето осигурување да ја покрива шопинг терапијата“. „Престани да купу...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Забрането е да умрете во градот и уште 8 факти за животот во Лонгјир Можете ли да замислите да живеете во град каде сонцето заоѓа во ноември а изгрев...
Факти за Деми Ловато - се прогласи за небинарен род, „зборува“ со вонземјани Деми Ловато почнала да користи дрога и алкохол поради притисок од пријателка кој...
Закани за киднапирање, го заведе синот на дечко ѝ: Факти за Карла Бруни, поранешната прва дама на Фр... Животот на Карла Бруни го одбележа успешна модна кариера, неколку големи љубови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg